Posts written by Erizaov

This author has written 688 articles
Ориент експрес

Не плашете се – Груевски нема да се врати

Нема место за страв и паника ни во власта ни во опозицијата, Груевски нема да се врати, тој уште извесно време ќе остане во Будимпешта, додека не замине на новата побезбедна дестинација. Неговиот домаќин, премиерот Виктор Орбан, не дава ни пет пари за тоа што гласале пратениците во Брисел. Тој не го издава својот пријател и сојузник, како што тоа го направија неговите следбеници во татковината. Напротив, цената на домаќинот за престојот на Груевски во Унгарија сега расте. А, во Македонија по малата пауза продолжува сапуницата за тоа кој го прогонува, кој го суди, каде се парите, кој му помогна да избега на најпознатиот осуденик во поновата историја
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Зошто Мицкоски повикува на протести?

Отварањето на сезоната зима - есен за масовни протести во организација на ВМРО-ДПМНЕ може да се претвори во обид за дестабилизација на Македкнија со цел да се блокира нејзиното членство во НАТО и ЕУ. Руските закани дека Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција ќе заврши со вето во Советот за безбедност на ОН се совпаѓаат со активностите во земјата за да не се усвојат уставните измени
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Ја губи ли Владата самодовербата?

Додека европските институции се погласно бараат одговори од Унгарија и од премиерот Виктор Орбан за азилот на осудениот поранешен премиер Никола Груевски во транспарентен судски процес со оценка дека станува збор попречување на владеење на правото, во Македонија нема ефикасна истрага за виновниците кои дозволија да избега главноообвинетиот за повеќе тешки кривични дела. Ако не се расчисти и разјасни кој му помогнал на Груевски во Македонија да избега, владата ќе се соочи со нова неизвесност во остварување на историските цели и со сè погласни сомнежи за нејзино учество во бегството на Груевски
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Разјаснете дали власта му помогна на Груевски да избега

Европскиот парламент и европската Комисија ја отвараат темата за азилот на Груевски. И во германскиот Бундестаг пратениците прашуваат дали Унгарија се претвара во продолжена рака на автократот Груевски. Шоканатна порака и за македонската влада од Бундестагот: Македонија да разјасни дали бегството на Груевски уследило со дозвола на тамошните власти. Доколку се покаже дека во тоа има замешано прсти власта, оставките не се доволни ни на премиерот Заев, ниту на целата влада. Веднаш нека си ги земат ќебињата и правец „Шутка“. Сами да си судат треба да си доделат по 10 години затвор. Премиерот Зоран Заев, владиниот тим и надлежните институции во моментот немаат поважна работа за иднината на Македонија од расчистување и разјаснување на фрлениот сомнеж дали бегството на Груевски е со нивна дозвола
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Кој е следниот што ќе избега утре

Што мислите кој е следниот што ќе избега од Македонија. Не е многу тешко да се одговори на прашањето. Погледнете ја листата на обвинети и осудени и погледнете го човекот што седи карши вас во убавото кафуле можеби веќе од тој момент еден подолг период нема да го видите. Свртете на ФБ и ќе дознате дека штотуку исчезнал и дека пратил порака од Будумпешта, Прага, Белгард, Москва, или Буенос Аирес ..... Најдоброто, најхрабро и единствено решение за Македонија е да се донесат уставните измени во Парламентот и да се прифати преспанскиот договорт со Грција. За тоа потребните жртви нека ги направи власта, нека ги поднесе последиците од непопуларните потези за помирување и помилување, ако не знае како тоа да го одработи нека замине од власт.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Груевски е во Македонија

Груевизмот ќе потрае подолго, повеќе од наредните 20 години оти шансите да се врати Груевски на престолот се реално поголеми отколку Македонија да се ослободи од примитивизмот и провинционализмот, од омразата и од национализмот, од заостанатоста и мизеријата. Најплодната почва за непречен натамошен развој на груевизмот. Додека тие се присутни, и Никола ќе си биде дома во нашата Македонија, та бил тука лично та не бил.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Груевски жежок костен во рацете на Орбан

Изборот на Унгарија во која Груевски ќе биде азилант е своевидна европска гротеска. Веќе целиот континент си игра мајтап со добредојдето на Орбан за неговиот идеолошки побратим од Македонија. Заштита на еден осуденик во земја членка на ЕУ против кој се водат уште неколку судски процеси за тешки кривични дела е предмет на потсмевање, но и на сериозни критики во Унгарија и во светот. Груевски стана од првиот ден жежок костен во рацете на Орбан и неговата влада. Ако не се преземе одговорноста за бегството на Груевски и ако не се расчисти целиот тој јавашлак во надлежните институции и со попречувачите на правдата, тврдењата дека власта е соучесник во бегството на Груевски ќе бидат прифатени од јавноста како вистина колку и да изгледаат апсурдни и неверојатни. Лавина од гнев за залудноста на уривање на режимот на Груевски чиј крај требаше да се означи со негово заминување зад решетки ќе и нанесе тежок удар на владата и на премиерот Зоран Заев.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Кој му помогна на Груевски да избега

Бегството на Никола Груевски е случај без преседан во македонската историја кога станува збор за премиер на држава. Големиот патриот на кој татковината му беше над сè, соочен со правдата, Македонија му дојде под сè. Помалку важна од неговиот задник. Кукавички избега оставајќи ги на цедило јатаците и соработниците кои ги извршуваа неговите наредби и за што веќе некои од нив затскривајќи го „храбро“ главниот виновник се соочени со изречени повеќегодишни затворски казни. Тие што му помогнале да избега надвор од земјата, или, сеедно, тие што го криеле во земјата, се сторители на кривични дела за кои се предвидени повеќегодишни затворски казни. Доколку опасноста од градење легендарен јунак и мит не ја согледуваат сегашните власти кои ги имаат сите механизми за управување со земјата, а „возат“ како недообучени возачи со „ L“ таблички на чело, строго според прописите и го кочат сообраќајот, заслужуваат и тие и ние во блиска иднина да се врати Груевски во Скопје на бел коњ и да го земе повторно стапот во раце.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Долг е патот до правдата

Синонимот на злото сместен зад решетки нема ништо да промени во животот на луѓето, но ќе ги зголеми надежите и шансите правото да завладее во оваа кутра земја.Тоа ќе потрае уште подолго време додека правдата не ги стаса носителите на најголемиот грабеж во куста историја на независна и самостојна Македонија. На повидок е вистинска лустрација на македонското општество.Колку овој процес ќе тече праведно и без сатанизации и медимски пресуди однапред изречени толку побрзо ќе завладее правото. Жртвите на груевизмот не можат да бидат непристрасни судии.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Сонот и јавето на Груевски

Мојот сон нема да биде остварен додека нашата држава не влезе во семејството на европските народи, во Европа без граници, каде што ќе ја оствариме нашата цел да имаме обединета Македонија во рамките на ЕУ. Нашиот сон нема да биде остварен додека не ја видиме Македонија како членка на НАТО. Мандатарот на новата влада Груевски, го кажа ова на Илинден 2006 година на своето прво обраќање како иден премиер на 35 тата иселеничка средба во село Трново. Зошто Груевски толку бргу се откажа од својот сон и зошто тргна во обратна насока, каде ги направи стратегиските грешки, малку е веројатно дека ќе ја каже вистината во своите сеќавања кои ќе има добра прилика да ги напише во наредните две години
Прочитајте повеќе »