Секој север има свој Југ
Текстот објавен во „Утрински Весник“ со истиот наслов и поднаслов пред 10 години, поточно на 13 февруари 2009 година покажува дека Грција и Македонија можеле да го решат прашањето со името уште пред една деценија на истиот, или сличен начин како и сега. Кој колку загубил поради тоа е непресметливо. Главните актери кои тогаш немале храброст и политичка воља да ја завршат работата сега се главни попречувачи на сопствените идеи што јасно покажува дека се работи за битки за освојување на власта и тогаш и сега.










