СЈО

Ориент експрес

Кога ќе паднеш во дупка, престани да копаш

Во еден таков зовриен и нездрав амбиент во право се тие што бараат присуство на странски правни авторитети кои ќе ги надгледуваат со една поактивна улога од обичен мониторинг натамошните судски постапки и разврски на сите премети без оглед дали се работи за тие од СЈО, или од редовното јавно обвинителство. Само праведната судска разврска и пресуда, без селекција, и одземање на незаконските стекнати богатства и пари ќе означат владеење на правото. Ако важи за највиските функционери и моќници ќе важи за сите граѓани.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Како да сме паднале од Марс

Се направи корејско прашање кој до каде е надлежен и на кон начин ќе се реформира јавното обвнителство, што ќе работи СЈО без Катица Јанева сè до денот „Д“ кога на големите криминалци им застаруваат делата. Потоа, се разбира, следи големата кавга кој е виновен што предметите застареле, што криминалците се и натаму на слобода и се уште побогати и помоќни ...
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Мацедонише цуштенде и во 21 век

Големите криминалци кои со години озаконето во ортаклак со политичари од врвот на властите станаа богати и моќни како кнезови ограбувајќи ги граѓаните нивниот имот, но и државниот, сега ги корумпираат со леснотија нивните гонители, јавните обвинители и судии. Пред филмски камери се компромитира и разградува целиот правосуден систем од основните судови до врховниот суд. Големите арамии ги фатија на дело џепарошите кои им бркнале во џебот како глувци во фак по парче кашкавал
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Драга, не биди педер

Премиерот Зоран Заев не смее некогаш јавно да го каже тоа што милион луѓе можат да го помислат, и да го кажат, да го напишат и објават слободно по социјалните мрежи и во медиумите Кога еден премиер решил да спасува држава од два тројца криминалци, еден суетен новинар и еден педер и со извинение тоа да го каже пред микрофони, тогаш нема ни што да се спасува. Ако пак тоа е сериозна закана која се надвиснала над иднината на државата, тогаш нема ни иднина, ни држава. Во тој случај и без овие два-тројца државата ќе падне како гнила крушка
Прочитајте повеќе »