Tag Archive | "Киро Глигоров"

Tags:

Киро Глигоров: Татко на нацијата

Posted on 03 May 2017 by erizaov

kiro

„Балканот не е добар кон своите политичари. Значи, ќе помине некое време пред придонесите на Глигоров да бидат признаени во неговата проблематична татковина. Но тој постигна нешто што други лидери на Балканот во 1990-тите години и во многу други времиња и места не можеа, или не сакаа. Тој ја држеше својата земја понастрана од војна“.

Оваа мисла на Кристофер Хил, американски амбасадор во Македонија и највисоко котиран политичар кој живеел и работел во нашата земја во едни бурни и историски времиња, најдобро ја отсликува улогата на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, на кој и по пет години од неговата смрт, премногу му е широк историскиот грб за да можат новите пишувачи на инстант-историја, или направи сам историја, да го испратат во заборав и да го маргинализираат. Многубројните обиди за тоа беа безуспешни и лека-полека исчезнуваат пред големината и значењето на историската улога што ја одигра Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија.

Во овие пет години по смртта на Глигоров, без каква било идолатрија, се зацврсти во колективното памтење на повеќе генерации граѓани неговиот голем придонес за татковината уште од времето на Народноослободителна антифашистичка војна до АСНОМ 1944, кога е формирана првата современа национална држава Федерална Македонија, што претставува најголем историски дострел на македонскиот народ и народностите во кој активно учествува и Глигоров. Историскиот континуитет од АСНОМ до независна Република Македонија 1991 година природно му припадна на Глигоров. Да застане на чело на новата самостојна држава овој мудар и искусен државник беше логичен и клучен историски потег на неговите поддржувачи во време кога на повидок беше најкрвавата војна на територијата на Европа по Втората светска војна. Сите поранешни југословенски републики од крвавата драма излегоа со голем број жртви и стравични разорувања, освен Македонија, која најмногу поради угледот и умешноста со која ја застапуваше својата земја и дома и надвор, претседателот Глигоров успеа да ја одбегне војната.

Заминувањето на ЈНА со потпишан Договор со генерал Аџиќ, учеството во остварувањето на вековниот стремеж за самостојна и независна државата и неговата голема улога во битките за меѓународно признавање на Македонија и нејзиниот прием за редовна членка на ОН го сместуваат претседателот Киро Глигоров како заслужен македонски деец на највисокото место, да биде препознаван од народот како татко на нацијата. Ова место на Глигоров не се доделува со одлука и политичка пропаганда, таму го сместува колективното памтење на повеќе генерации граѓани на Македонија за неговиот конзистентен став почнувајќи уште пред Втората светска војна, потоа како учесник во Антифашистичката војна и на заседанието на АСНОМ 1944, па до прогласувањето на независна Македонија и до неговата определба до последниот ден од неговиот живот, први јануари 2012 година. Глигоров е татко на нацијата поради своите дела и заслуги, но и поради својата скромност и мудрост со која се одликуваат големите државници и личности.

Татковината одамна го препозна Киро Глигоров, а доаѓа време кога ќе се вреднува вистински без партиски, идеолошки и лични пристрасности неговиот придонес. Популистичките партиски пропагандисти и ТВ-историчари колку и да го прерипнуваа заслугите на Глигоров и, колку и да го напаѓаа тенденциозно и злонамерно за дневно политички потреби долги години по престанувањето на неговото претседателствување не успеаја да ја намалат вредноста на неговите заслуги ниту, пак, да ја искриват сликата што ја имаат огромното мнозинство граѓани за својот прв претседател на самостојна и независна Македонија.

Останува и натаму неразјаснета една од најголемите тајни кој и зошто го изврши атентатот врз претседателот Киро Глигоров на 3 октомври 1995 година. Еден ден и таа вистина ќе се открие. Во разговорите што ги водев со претседателот Глигоров во една пригода тој прогнозираше дека ако тоа некогаш се дознае, ќе биде кога нема да предизвика никакви конфликти и инциденти, или некаква дестабилизација на државата. Кажано едноставно, рече Глигоров, тоа ќе се случи кога нема никого да погоди. Но сигурно дека мотивите на нарачателите на атентатот ќе осветлат уште една страница за тоа кому му пречеше Глигоров во овие судбински години за Македонија. Допрва доаѓа времето за вистинско вреднување за придонесот на Глигоров во неговата „проблематична татковина“. Скромното одбележување на петгодишнината од неговата смрт со букет цвеќе на неговиот гроб од неговата ќерка и најблиски соработници и само од претставници на една политичка партија е само уште еден доказ кој потврдува дека с? уште има обиди за колективна амнезија, но се неуспешни. Луѓето го паметат тоа што сакаат да го паметат и уште повеќе паметат ако некој им натура заборав.

Живот вграден во Македонија

Самостојна и независна Република Македонија е дело на народот на Македонија. А во нејзините темели и изградба се вградени револуционерната борба на македонскиот народ и визијата и трудот на многу вредни македонски синови во вековите и годините зад нас.
Еден од сведоците и актерите на два судбоносни настани од македонската историја на 20 век – АСНОМ и осамостојувањето на Република Македонија е и Киро Глигоров (1917-2012), човекот кој зад себе остави длабоки бразди – како прв претседател на Републиката, државник и човек со огромна љубов кон татковината, опкружен со големо почитување како во својата земја така и пошироко во светот.
Во овој летопис за личноста и делото на Киро Глигоров говорат негови современици:

„…Мене ми е привилегија што седам до претседателот Глигоров кој во исклучително тешки услови ја води земјата со голем талент и убедување. Тој поседува вонредни квалитети што го вбројуваат меѓу најголемите водачи во Европа. Тој успеа да го спаси својот народ и да го доведе до сопствена држава. Неговото име ќе остане одбележено во европската историја како големо име“, францускиот сенатор Робер Бадинтер, во здравица на еден официјален ручек во Париз, 10 февруари 1999 година.

„Соединетите Американски Држави високо ги ценат Вашите упорни усилби за промоција на едно мирно политичко разрешување на југословенската криза, за трасирање мирољубив приод кон независноста и консолидирање на демократијата, целосно почитување на човековите права и пазарните реформи во Вашата република“, Џорџ Буш, претседател на САД, во писмото до претседателот Киро Глигоров од 8 април 1992 година.

„Ја следам колку што можам и ја поддржувам политиката на Глигоров. Мислам дека таа политика е исправна и добра за Македонија. Неговите намери и неговите цели ми се допаѓаат…“, Милован Ѓилас, во интервју за „Пулс“, 2 јули 1993 година.

„Вашите гледања и тези за решение на југословенската криза имаат само еден голем недостаток – тие се логични!“, Лорд Карингтон во разговор со Киро Глигоров во Хаг, септември 1991 година.

„Во Македонија за претседател е стариот комунистички и искусен зналец Глигоров. Достоинствен, остроумен и љубезен човек. Во почетокот на кризата, заедно со претседателот на Босна и Херцеговина, ќе направи најмногу во настојувањето да се изнајде решение за југословенските проблеми по пат на преговори…“, Хенри Вејнендс, холандски амбасадор, специјален пратеник на ЕЗ во поранешна Југославија.

„Просто ми е неразбирливо кога меѓународната арбитража во рамките на Европската заедница ги утврди сите услови за меѓународно признавање, таа (Македонија) мораше да чека на тоа. Ние на сите меѓународни конференции протестиравме против ваквиот однос, јас тоа го реков во ООН при приемот на Словенија…“, Милан Кучан, претседател на Република Словенија, (цитирано според „Пулс“ од 11 јуни 1993 година).

„Ако постои мудар политичар на овие балкански простори, тоа е Киро Глигоров….“, Проф. д-р Љубомир Маџар, професор на Белград (цит. според НИН, 14 јануари 1994 година).

„Многу го ценам Киро Глигоров кој како државник мисли долгорочно за македонско-српската соработка ’под услови на рамноправност и меѓусебно уважување’“, Латинка Перовиќ, историчар, научен советник во Институтот за понова српска историја во Белград (Интервју во „Пулс“, 14 јануари 1994 година).

„Глигоров беше патриот и вистински државник. Неговата посветеност на самостојноста на Македонија доведе до мирна транзиција во 1990-91 година, а неговото цврсто лидерство беше инспирација во годините кога земјата ги надмина огромните тешкотии. Претседателот Глигоров беше пријател на САД и лидер што имаше визија за својата земја…“, Хилари Клинтон, државен секретар на САД (според „Утрински весник“, 1 јануари 2013 година).

„Ја сакам Македонија. Јас навивам за Македонија, многу ми значи. Гледам дека оваа земја е мудра во оваа ситуација, Цивилизирана, знае да се постави, има достоинство…“, Богдан Богдановиќ, архитект (интервју во „Пулс’, 10 декември 1993 година).

„Го слушав господин Глигоров на предавањето во Париз. Дојдов, сакав да го видам и со тоа, на мој скромен начин да му ја изразам поддршката за политиката што ја води…“, Предраг Матвејевиќ, писател, професор на Сорбона (Интервју за „Пулс“, 19 ноември 1993 година).

„Јас го знам одговорот на прашањето што Ви го поставувам, но, сепак, кажете и Вие, за да го запишам како сведоштво. Во некое време тоа ќе биде документ“, Горан Милиќ, тогашен главен уредник на ЈУТЕЛ, (барајќи одговор на прашањето за тоа како армијата без испукан куршум си отидоа од Македонија).

„Балканот не е добар кон своите политичари. Значи, ќе помине некое време пред придонесите на Глигоров да бидат признати во неговата проблематична татковина. Но тој постигна нешто што други лидери на Балканот во 1990-тите години и во многу други времиња и места – не можеа или не сакаа. Тој ја држеше својата земја понастрана од војна…“, Кристофер Хил, првиот амбасадор на САД во Македонија (според „Утрински весник“ од 5 јуни 2014 година).

„Киро Глигоров ќе биде запаметен како еден од ретките политичари и државници од овие простори кој знаеше да ги препознае, застапува и да ги брани интересите на својата земја, а притоа да не подлегне на екстремниот национализам. Благодарение, во прв ред, на неговата мудра политика, Македонија успеа да тргне на патот кон независноста“, Стипе Месиќ (според „Утрински весник“, 1 јануари 2013 година).

„Глигоров е жив доказ дека можеше да се избегне војната во Југославија, дека можевме да се разделиме без пролевање крв. Македонија е изложена на закани од сите страни, повеќе од кој било на овие простори…“, Предраг Матвејевиќ, (интервју во „Нова Македонија“, 10 јануари 2012 година).

„..Господинот Глигоров ќе остане забележан како човек кој стратегиски мисли и дејствува, како човек кој успеа својата земја на мирољубив начин да ја доведе до независност; оствареното од него е пример за сите оние што сакаат Балканот да го направат регион насочен кон мир и развој…“, Жак Ширак, претседател на Француската Република;

„…Високо ја вреднувам нашата меѓусебна соработка… и добредојдени се Вашите сугестии за остварување на нашата заедничка цел за мир и безбедност на сите народи на Балканот… Преку Вашето одважно лидерство, Македонија израсна во сила на мир и стабилност во југоисточна Европа…“, Бил Клинтон, претседател на САД;

„…Македонија, а навистина и целиот регион, мора многу да му заблагодари на Глигоров….“, британската кралица Елизабета Втора;

„…Независноста и одржување на стабилноста, со спречување на ескалацијата на конфликти во Југоисточна Европа, како и воспоставувањето на пријателски и односи на соработка со соседите, тоа се некои од исклучителните постигнувања на Македонија под лидерството на господинот Глигоров…“, албанскиот претседател Реџеп Мејдани;

„…Дури и во исклучително тешките услови на косовската криза, претседателот Глигоров покажа дека преку толеранција, со државничка мудрост, градење на доверба и заемно разбирање, можно е да се постигнат резултати кои зрачат надеж за мир во југоисточниот дел од европскиот континент…“, словачкиот претседател Рудолф Шустер;

„…Вашата улога беше клучна во водењето на Македонија кон независност и нејзино целосно меѓународно признавање, како и во трансформацијата на Вашата земја во стабилна демократија, посветена на одржување на добри меѓуетнички односи и пазарна економија. Обединетото Кралство и нашите сојузници од НАТО сме особено благодарни за улогата на Вашата земја за време на косовската криза…“, британскиот премиер Тони Блер;

„…Би сакал да ја изразам нашата благодарност за Вашиот непроценлив придонес за зацврстување на нашите билатерални односи и утврдувањето на Република Македонија во остров на стабилност во еден од најбурните региони во светот…“, турскиот претседател Сулејман Демирел.

(Објавено во Утрински)

Comments (0)

Tags:

Глигоров, татко на нацијата

Posted on 03 January 2017 by erizaov

kiro-gligorov

„Балканот не е добар кон своите политичари. Значи, ќе помине некое време пред придонесите на Глигоров да бидат признаени во неговата проблематична татковина. Но тој постигна нешто што други лидери на Балканот во 1990-тите години и во многу други времиња и места не можеа, или не сакаа. Тој ја држеше својата земја понастрана од војна.“

Оваа мисла на Кристофер Хил, американски амбасадор во Македонија и највисоко котиран политичар кој живеел и работел во нашата земја во едни бурни и историски времиња, најдобро ја отсликува улогата на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, на кој и по пет години од неговата смрт, премногу му е широк историскиот грб за да можат новите пишувачи на инстант-историја, или направи сам историја, да го испратат во заборав и да го маргинализираат. Многубројните обиди за тоа беа безуспешни и лека-полека исчезнуваат пред големината и значењето на историската улога што ја одигра Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија.

Во овие пет години по смртта на Глигоров, без каква било идолатрија, се зацврсти во колективното памтење на повеќе генерации граѓани неговиот голем придонес за татковината уште од времето на Народноослободителна антифашистичка војна до АСНОМ 1944, кога е формирана првата современа национална држава Федерална Македонија, што претставува најголем историски дострел на македонскиот народ и народностите во кој активно учествува и Глигоров. Историскиот континуитет од АСНОМ до независна Република Македонија 1991 година природно му припадна на Глигоров. Да застане на чело на новата самостојна држава овој мудар и искусен државник беше логичен и клучен историски потег на неговите поддржувачи во време кога на повидок беше најкрвавата војна на територијата на Европа по Втората светска војна. Сите поранешни југословенски републики од крвавата драма излегоа со голем број жртви и стравични разорувања, освен Македонија, која најмногу поради угледот и умешноста со која ја застапуваше својата земја и дома и надвор, претседателот Глигоров успеа да ја одбегне војната.

Заминувањето на ЈНА со потпишан Договор со генерал Аџиќ, учеството во остварувањето на вековниот стремеж за самостојна и независна државата и неговата голема улога во битките за меѓународно признавање на Македонија и нејзиниот прием за редовна членка на ОН го сместуваат претседателот Киро Глигоров како заслужен македонски деец на највисокото место, да биде препознаван од народот како татко на нацијата. Ова место на Глигоров не се доделува со одлука и политичка пропаганда, таму го сместува колективното памтење на повеќе генерации граѓани на Македонија за неговиот конзистентен став почнувајќи уште пред Втората светска војна, потоа како учесник во Антифашистичката војна и на заседанието на АСНОМ 1944, па до прогласувањето на независна Македонија и до неговата определба до последниот ден од неговиот живот, први јануари 2012 година. Глигоров е татко на нацијата поради своите дела и заслуги, но и поради својата скромност и мудрост со која се одликуваат големите државници и личности.

Татковината одамна го препозна Киро Глигоров, а доаѓа време кога ќе се вреднува вистински без партиски, идеолошки и лични пристрасности неговиот придонес. Популистичките партиски пропагандисти и ТВ-историчари колку и да го прерипнуваа заслугите на Глигоров и, колку и да го напаѓаа тенденциозно и злонамерно за дневно политички потреби долги години по престанувањето на неговото претседателствување не успеаја да ја намалат вредноста на неговите заслуги ниту, пак, да ја искриват сликата што ја имаат огромното мнозинство граѓани за својот прв претседател на самостојна и независна Македонија.

Останува и натаму неразјаснета една од најголемите тајни кој и зошто го изврши атентатот врз претседателот Киро Глигоров на 3 октомври 1995 година. Еден ден и таа вистина ќе се открие. Во разговорите што ги водев со претседателот Глигоров во една пригода тој прогнозираше дека ако тоа некогаш се дознае, ќе биде кога нема да предизвика никакви конфликти и инциденти, или некаква дестабилизација на државата. Кажано едноставно, рече Глигоров, тоа ќе се случи кога нема никого да погоди. Но сигурно дека мотивите на нарачателите на атентатот ќе осветлат уште една страница за тоа кому му пречеше Глигоров во овие судбински години за Македонија. Допрва доаѓа времето за вистинско вреднување за придонесот на Глигоров во неговата „проблематична татковина“. Скромното одбележување на петгодишнината од неговата смрт со букет цвеќе на неговиот гроб од неговата ќерка и најблиски соработници и само од претставници на една политичка партија е само уште еден доказ кој потврдува дека с? уште има обиди за колективна амнезија, но се неуспешни. Луѓето го паметат тоа што сакаат да го паметат и уште повеќе паметат ако некој им натура заборав.

(Објавено во Утрински)

Comments (0)


Photos from our Flickr stream

See all photos

Twitter


календар

November 2017
M T W T F S S
« Oct    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930