Никола Груевски

Ориент експрес

Груевски и Мицкоски како дуо трио

Груевски, Мицкоски и Николоски, ако бога знаете, не ѝ пејте реквием на Македонија и не повикувајте на паника и хаос, оти таа уште е жива и здрава и ќе го победи и ова планетарно зло
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Заробените умови не останаа во минатото

Македонија, пред најголемата победа 75 години по антифашистичката војна и АСНОМ, повторно е соочена со трулеж кој се храни и „пие од канализацијата на историјата“. Членството во НАТО и во Европската Унија е епохално достигнување чии димензии се толку големи и значајни што ја оправдуваат секоја жртва на тој трнлив пат на кој ќе проголтаме голема горчина додека стасаме во европскотото семејство. Ова е време кога политичките лидери, граѓаните, интелегенцијата, целото општество треба да се мобилизира кон единствената цел: европеизација на Македонија. Трката за власт во наредните години има смисла само ако е насочена кон тоа кој побрзо и поквалитетно ќе ги исполни обврските кои произлегуваат од поглавјата на Брисел
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Груевски не се враќа дома

Никола Груевски во шокантното сведоштво на Зоран Верушевски, една од клучните фигури во откривањето на најголемиот скандал со повеќегодишно држење под надзор на илјадници граѓани и јавни личности и следење на нивните комуникации ја виде својата невиност и рехабилитација. Во своето триумфално обрќање до граѓаните на Македонија воскликна ви кажав ли јас дека вистината е како шило, дека сè сечено, лепено и монтирано. Подготовките за триумфално враќање на Груевски требаше веднаш да почнат, со сенародно извинување и молба да ни ги прости гревовите ама една тајна вест ја расипа работата
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

„Ла верита“ ја враќа демократијата во Македонија

Кутра Македонија по втор пат ја ослободуваат тие што ја заробија прв пат. Додека на првите им требаше цели 11 години да нè ослободат од режимот и ограбувчите на државата и граѓаните, овие вторите, што си го знаат занатот тоа го направија експресно. Со ефтина македонско -унгарско – италијанската копродукција и сценарио снимаат секојдневен филмски серијал, шприцер од боза и лимунада, за подвизите на Боки тредичи. Големиот подвиг е во суштина заложбата за враќање на режимот на Никола Груевски, со него или без него, сеедно, но и поддршка на авторитарните крајно десничарски режими не само во Македонија, туку и во цела Европа.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Не мешајте се со трици, ќе ве изедат свињите

Тие што владееја со Македонија 11 години без контрола и ги ограбија граѓаните и државата не можат ни еден ден да останат без власт. Тие пак што дојдоа на власт и ја ослободија заробената држава си го заробија сопствениот ум и не знаат што да прават со слободата. На човека му доаѓа да го повика Груевски да си дојде дома и да им покаже како се суди. Што да ви кажам се измешаа со триците, ако не прогласат свинска чума, ќе бидат изедени.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Ало Трамп, ти ли си…

Стаса шишето со порака до граѓаните на Македонија пуштено во северните мориња пред 30 години. Во него е напишана тајната како да ги препознаат и изберат тие што ќе ги остварат најголемите идеали на сите генерации откако постои оваа кутра држава. Треба да се отвори шишето и да се прочита пораката
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Кој со кого ќе се помирува

Предлогот на сите релевантни парламентарни политички партии за непречена работа на Специјалното јавно обвинителство со уште поголемо зголемување на неговите ингеренции за гонење на криминалот во високите редови на актуелната власт и за завршување на сите започнати предмети и нови истраги за злоделата на претходната власт со предлог на нов закон со ригорозни казни за секое попречување на правдата би било најголемото граѓанско помирување и смирување на подолг рок. Тоа би го означило отврањето на вратите на ЕУ за преговори уште наредниот месец
Прочитајте повеќе »