ЕУ

Колумни

Соочување со реалноста во Србија и во Македонија

Она што е заедничко за Србија и Северна Македонија е да се отвори силен демократски процес за сузбивање на омразата и на примитивизмот, како најплодно тло за лагите и манипулациите со јавноста.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО

Треба да се биде малку стрплив по сиве овие години на грешки, да се оладат главите и на власта и на опозицијата во Македонија. Франција нема да ја запре Македонија на патот кон Европа. Успесите што се постигнати во изминатите три години и кои најмногу ја приближија Македонија кон ЕУ и кон НАТО не се избришани, ниту отфрлени, ниту неважечки. Претседателот Емануел Макрон тоа го знае и тоа многу бргу ќе го соопшти кога ќе ги добие гаранциите за почеток на европските реформи. Преговорите на Македодонија со ЕУ и европските реформи ќе течат паралелно и ќе завршат до 2030 година кога Македонија ќе стане редовна членка на реформираната Европска Унија. Кој ќе биде присутен ќе се увери во тоа
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Што ќе обновува Мицкоски

Најважната работа пред која сме исправени и која треба да се прифати не само декларативно туку и работно, се успешноста на преговорите со ЕУ и членството во НАТО. Во 35 –те поглавија на Брисел ги има сите наши надежи, стремежи, обнови, изградби и цели кои ги сонуваат со години граѓаните. Најмногу што треба да се обнови е тоа што е расипано од 2006 до 2019 година. Последното гајле е секогаш најголемо. Во македонскиот јазик гајле ми е и не ми е гајле исто значи. Ете тоа плаши најмногу оти тоа е најголемата партија
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Заробените умови не останаа во минатото

Македонија, пред најголемата победа 75 години по антифашистичката војна и АСНОМ, повторно е соочена со трулеж кој се храни и „пие од канализацијата на историјата“. Членството во НАТО и во Европската Унија е епохално достигнување чии димензии се толку големи и значајни што ја оправдуваат секоја жртва на тој трнлив пат на кој ќе проголтаме голема горчина додека стасаме во европскотото семејство. Ова е време кога политичките лидери, граѓаните, интелегенцијата, целото општество треба да се мобилизира кон единствената цел: европеизација на Македонија. Трката за власт во наредните години има смисла само ако е насочена кон тоа кој побрзо и поквалитетно ќе ги исполни обврските кои произлегуваат од поглавјата на Брисел
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Мицкоски ќе се извини кога ќе згреши

Што се крие зад изјавата на Мицкоски дека нема за што да се извинува на граѓаните за 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, туку за такво нешто е подготвен само ако згреши како лидер на опозицијата и иден премиер. Дали Мицкоски индиректно го повикува Груевски тој да се извини
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Среќна и разочарана Македонија

Не е проблемот во тоа што се одлага одредувањето на датумот во октомви за преговорите со ЕУ да почнат на крајот на оваа, или во почетокот на идната година, туку во тоа што кревката стабилност на државата во овие неколку месеци може да биде сериозно нарушена. Тоа е стравот и разочарувањето од ова „техничко“ поместување на преговорите со Северна Македонија
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Европски национализам во балканско пакување

Метлата на Заев се очекува како волшебна на која ќе летаат вештерки. Се ми се чини најголема жртва од претседателските избори ќе понесе победникот. ВМРО ДПМНЕ уште слави и ги грее гласовите на тивок оган. ДУИ не ја признава владата и премиерот во делот на одговорноста. Премиерот Зоран Заев ќе чисти во својот дел од дворот. Да живее слободата побудале народот.
Прочитајте повеќе »