Banner
eu
Ориент експрес

Ни треба сенародно движење за Европа

Тие што го потпишаа Преспанскиот Договор треба и да го спроведат во практиката. Исто како што и тие што се против треба да го поништат. Нема ништо пологично и поправедно. Не може тие што се против да спроведуваат капитулантски договор штетен за националните интереси, ниту пак тие што се потписници да го поништат и да ја вратат земјата поназад отколку кај што беше пред 12 години. Вреди за ова да се размисли добро пред да се одлучи на кого ќе му се даде довербата. Се работи за иднината на државата и на граѓаните
Прочитајте повеќе »
ballot-black-and-white-black-and-white-1550337
Ориент експрес

Избрани се три-четири претседатели на државата

Познати се противниците на најзначајните стратегиски цели на државата и на граѓаните. Носителите на тие активности не се кријат и не се во илегала. Работат јавно и бараат поништување и преправање на Преспанскиот договор, главниот предуслов за деблокирање на европскиот пат и иднината на земјата. Со лаги и популистичка примитивна пропаганда браат казна за тие што го постигнале најзначајниот и најголем успех во историјата, на што светот симнува капа. Можно ли е со овие сознанија ако стасале до сите граѓани да се доведе во прашање и да се поништи овој успех. Не е за верување, ама не кажи двапати. На таа карта јаваат сите веќе избрани претседатели на државата
Прочитајте повеќе »
pravda
Ориент експрес

Владеење на правото и кривото

Доцна стигнала веста до претседателот на Собранието Талат Џафери дека треба да се запали сијалицата на светилникот. Веќе било полноќ. Овојпат, судирот на Титаник со подводна карпа во сопствениот двор заврши со големи оштетувања. Бродот се полни со вода од повеќе дупки и ако не се закрпи брзо ќе потоне. Во право е Џафери кога кратко јасно и глупаво образложи зошто ова се случи. Вели, доцна сигнала веста да го запали светлото, затоа и немало потреба да се гласа, оти изгледа бродот заринкал порано. Башка некој од пратениците, ем коалиционен партнер, ем Албанец нешто му дофрлил што не му се допаѓа
Прочитајте повеќе »
gruevski silueta
Ориент експрес

Која врата не можеше да ја отвори Груевски?

Поради пропусти во истражниот затвор еден напумпан инцидент во споредба со ужасите во македонските затвори кога се нарачуваа тортури, се претвори во национален проблем број еден кој треба да го покрие големото злодело, тешкиот срам и да се попречи правдата по обелоденувањето на организаторите и нарачателите на крвопроплевањето на 27 април 2017 година. Знае ли некој во земјата кои се тие врати кои немаше да бидат отворени во Собранието, или било каде, ако од врховниот партиски штаб, претседателот на партијата и најмоќниот човек во државата, претседателот на Собранието, началникот на полицијата и министри издадат наредба за напад. Не само вратите, ќе се урнеа и ѕидовите на парламентот кога оваа машинерија на режимот издава директиви за спасување на Македонија. Тие сопственото спасуваање од законот го нарекуваат спасување на Македонија
Прочитајте повеќе »
mickoski
Ориент експрес

Кој е Чаушеску, а кој Милошевиќ

Карикатурална е споредбата кој е македонски деспот, Чаушеску и Милошевиќ. Ние за тоа си имаме наша автентична единица мерка за мерење на чесноста и успесите која сè уште е на сила иако делува оддалеку. Се вика груевизам. Нема држава без правдата да ги стаса тие што се обиделе да ја урнат, да го нарушат уставниот поредок. Судските процеси и праведната разврска на сите покренати обвинувања од страна на Специјалното и на редовното јавно обвинителство се најзначајната работа што се одвива во земјата од која зависи нејзината иднина
Прочитајте повеќе »
pinokio
Ориент експрес

Ајде да се лажеме и мразиме, само да се пазиме

Мала ранг листа на најголемите лаги со кои партиските пропагандисти и медиуми ќе ја мотивираат јавноста и ќе собираат гласови за изборна победа. Некои од лагите се евергрини, вечни, тие никогаш не се менуваат, а секогаш наоѓаат стари и нови обожаватели кои сакаат да веруваат во ветувањата и да бидат излажани. Така луѓето се чуствуваат подобро до следните избори кога пак ќе бидат многу уважени и значајни
Прочитајте повеќе »
siljanovska
Ориент експрес

И по Ѓорге, Гордана

По таткото проф Ѓорге Иванов кој 10 години ни се одолжуваше несебично и татковски за сè што за него направила татковината, сега, се разбира ако ја избереме, ќе ни се одолжува за сè што направила мајковината за неговата учителка и ментор, нашата натпартиска мајка проф. Гордана Силјановска. По таткото стаса и мајката. Македонија е спасена. И по Ѓорге, Гордана. Божемски исто како и по Тито, Тито, ама многу поразлично
Прочитајте повеќе »
list
Ориент експрес

Монструмите треба да се згазнат кога се мали

Чудовиштата најлесно се уништуваат кога се во ембрионална фаза. Ако се дозволи да станат големи, тогаш, веќе ништо не им можете. Тој филм го гледавме во живо со години. Актуелната власт нема право да се правда со споредби кој повеќе, а кој помалку крадел и ја ограбувал државната каса и државниот имот, кој бил поголем, а кој помал арамија.
Прочитајте повеќе »
kompas
Ориент експрес

Север не е само страна на светот

...Север е состојба на духот, патување со умот, промена на свеста, постудени глави, помалку емоции, помалку минато, повеќе иднина, помалку кавга и омраза, а повеќе работа и љубов, помалку крадење и корупција, повеќе чесност и правда, повеќе еднаквост, помалку делби, повеќе слобода и демократија, повеќе одговорност, почиста човекова средина, подобро воспитување и образование, помалку примитивизам, провинционализам и популизам, повеќе култура, помалку простотилак, повеќе почитување на вредностите, на луѓето и на живиот свет, поголемо разбирање за различните од себе. Север е ознака за мудрост, толеранција и компромис, повеќе пријателство со комшиите и со сиот свет...
Прочитајте повеќе »
zaladuvanje
Ориент експрес

Погрешна временска прогноза

При оживувањето на замрзантите диносауруси по милион години ќе се дознае дека Северна Македонија не значело и промена на климата со поларни температури на територијата од Табановце до Гевгелија. Не било тоа глобално замрзнување, туку затоплување. Она што е најточно во историјата на името на државата е што сите досегашни промени, Федерална, Народна, Социјалистичка, Северна, вкључувајќи го и привременото име во ОН, е несоборливиот факт дека единствената константа која е непроменлива се зборовите Република Македонија.
Прочитајте повеќе »