Banner
gruevski
Ориент експрес

Груевски ќе раководи со ВМРО-ДПМНЕ од затвор

Посолените глави на вмровските дејци кои ја издале револуционерната организација веќе му се дадени на увид на вождот да се увери лично дека неговите следбеници остануваат доследни на заклетвата пред кама и револвер и дека живи не се предаваат на непријателот. Никола Груевски ќе раководи со партијата од ќелијата во Идризово сè до последниот куршум. Македонија е уморна од војни со ветерници, од лелеци и повици за востанија, од постојано откривање заговори, непријатели и предавници, од лажни патриоти и вистински арамии. ВМРО-ДПМНЕ одамна е музејски експонат и таму треба да остане со нужните исправки во фалсификуваната историја. Ќе имаше поголема симболика по сечата на главите на предавниците од сопствените редови прославата за демонстрирање на верност да се одржеше во Музејот на револуционерната борба, отколку во барокниот театар. А, можеби најарно ќе беше да има два чина - првиот со театарската претстава на статистите, а вториот во салонот за восочни фигури во музејот на ВМРО.
Прочитајте повеќе »
izgrejsonce
Ориент експрес

Македонија излезе од кома

Денеска, три дена по драматичната „прозивка“ во Собранието, емоциите веќе стивнуваат, а реалноста ги наметнува клучните прашања за остварување на целта. За почеток, најдобар сојузник е свесноста за фактот дека ништо не е готово додека не се заврши. Добро е и тоа што немаше ниту еуфорија ниту, пак, протести и конфликти. Изливите на закани, примитивизам, омраза и делби на социјалните мрежи, невидени и нечуени досега, се сериозна опомена дека сè уште има доволно човечко тесто за месење и злоупотреби, но ја губи силата за дестабилизација на државата
Прочитајте повеќе »
mickoski
Ориент експрес

Празнична лектира за Мицкоски

Законите не природата не можат да се сменат со гласање, ниту со револуции и војни. Можат да се забават историските процеси, но не можат да запрат. И кај нив има закономерност еднаква на природните закони. Тие што ги запираат историските промени ќе се најдат еден ден под нејзините тркала. Ако се спротивставите со сила на природните закони следуваат трагични последици, ако ги запрете историските процеси во едно општество кога тие се стасани за промени, последиците не се помалку трагични. Државите и народите исчезнуваат токму во време кога се запираат историските процеси кои се неминовни.
Прочитајте повеќе »
zaev
Ориент експрес

За историски пораз нема оправдување

Попречувањето на иднината на Македонија и нејзината европеизација не може да се отстрани со сервилни понуди за помирување со рецидивите на еден режим, туку само со јазикот кој најдобро го разбираат криминалците со бели крагни, а тоа е ригорозно владеење на правото и одбрана на државните и национални интереси и интересите на сите граѓани. Последните шок-бомби на премиерот Заев експлодираат во неговиот двор. Дали тој и неговите приврзаници ќе цимолат од солзавецот што самите го фрлија или ќе преземат решителни чекори за остварување на историските цели на граѓаните на Македонија, најмногу зависи од него и неговиот тим. Историскиот предзнак е на нивна страна. Сиот цивилизиран свет дава поддршка, законите и уставот се на нивна страна.
Прочитајте повеќе »
nikola-gruevski
Ориент експрес

Колку чини спасувањето на Груевски

Дали и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифатат директивата на партискиот врв и на нивните ментори кои седат секој ден на обвинителна клупа ќе се дознае наредните денови, но имајќи ги предвид вмровските директиви тешко е да се верува во успех. Дали храброста, историската одговорност и совеста на тие што ги знаат многу добро работите ќе биде посилна или, пак, партиската послушност и стравот од долгата, ама веќе осакатена рака на ВМРО-ДПМНЕ ќе се види во Собранието на очиглед на целата јавност
Прочитајте повеќе »
prespa
Ориент експрес

Жив или мртов договор

Не се потребни студиозни анализи и сценарија ниту, пак, дополнителни предупредувања од врвот на ЕУ и на НАТО што следува ако се поништи договорот со Грција. Во тој случај, фактите со голема сигурност навестуваат дестабилизација на земјата со добри изгледи за распад. Испадна дека најлесна работа ќе биде да се поништи договорот, кој е веќе двапати ратификуван во Собранието на Македонија и на тој начин да се спаси уставното име, а сè друго да се доведе под голем знак прашање. Ќе имаме уставно име, без додавката северна, а дали ќе имаме држава и ако имаме каква ќе биде нема одговор од противниците на договорот, не од тие кои гласа против на референдумот, туку од тие кои на 30 септември апстинираа, чиј молк го присвои старо-новото раководство на ВМРО ДПМНЕ
Прочитајте повеќе »
eu
Ориент експрес

Што ти кажав јас

Консултациите со граѓаните покажаа дека во Македонија јасна е целта што ја сакаат над 90 отсто од граѓаните, ама не е познат патот како се стасува до таму. Некој упорно поставува лажни патокази, па едни влечат напред, други назад. Сите имаат силни аргументи дека така е најдобро оти всушност не разликуваат што е напред, а што е назад. Чаре, има ли чаре? Се разбира дека има. Тие што рекоа дека ќе се жртвуваат за европската иднина на државата треба да го направат тоа. Имаат историска оправданост за такви чекори.
Прочитајте повеќе »
slavkotome
Ориент експрес

Одмаздата на мртвите великани

Потсетувањето на Јаневски и Серафимовски не е во нивна одбрана, не е ни осуда на злосторството што им е нанесено од бездарници, примитивци, извршители на политички калкуланти... Нивните дела ги бранат нив подобро од сите нас. Почитта на нивната уметност е враќање на гордоста која нè заштитува нас од тиранија, од изолација и од исчезнување. Тоа е најдобрата превентива од бескрупулозните политичари во нивните битки за власт.
Прочитајте повеќе »
zaev cipras
Ориент експрес

Бадијала е и Нобелова награда за Ципрас и Заев

Има многу причини зошто ни Нобеловата награда за мир на „селанчето од Струмица“ не можат да му ја простат не само македонските лажни патриоти, туку и некои „поддржувачи“ од негова близина. Во Македонија уште не може да се прости успехот, па макар ќарот бил заеднички на сите. Она што вистински е непростливо е пазарење со криминалците од високите редови на претходната власт
Прочитајте повеќе »
izbori glasanje
Ориент експрес

Предвремени избори пред портата

Во секој случај ако наредните денови не се постигне меѓупартиски договор за уставни промени во најбрз можен рок треба да се одржат вонредни парламентарни избори. Во спротивно, секое одолговлекување ја носи државата во опасно води да се врати не на кандидатскиот статус за членство во НАТО и во ЕУ, туку многу поназад на стартот од пред 27 години.
Прочитајте повеќе »