Во суштина сè што се случува меѓу Македонија и Бугарија е последица на фактот дека нашиот сосед не сака Македонија да биде членка на ЕУ. Доколку е обратното, тогаш ќе има и решение на проблемите.
Тоа би била најсилната „шлаканица“ што треба да им ја удриме, не затоа што дошле во Скопје да го слават Гоце Делчев, туку затоа што никогаш не доаѓале да му оддадат почит, а го сметаат само за свој.
Она што е заедничко за Србија и Северна Македонија е да се отвори силен демократски процес за сузбивање на омразата и на примитивизмот, како најплодно тло за лагите и манипулациите со јавноста.
Списокот на злоделата за уништување на новинарството е трагично голем. Затоа сега плачењето по седлото на изгубениот тркачки коњ ми изгледа трагикомично со соопштенијата во одбрана на професијата.
Верските великодостојници во Македонија наместо почит кон животот проповедаат непочитување кон Господ, отварајќи ги вратите на божјите храмови и повикувајќи на молитиви во време на голема несреќа кога во светот беснее заразна болест и микроби кои носат смрт. Нивниот грев е непростлив и пред божјите и пред световните закони
Бугарската рамка во Македонија се претставува потешка и од коронавирусот и од економскиот крах и од Договорот со Грција. Се оди дотаму со политичка кампања и медиумска тревога да се доведе во прашање и одлагање на преговорите со ЕУ
Си доделив тајмаут од „напорното“ седење во самоизолација, за да ја прославам оваа радосна вест. Конечно приказната со ЕУ добива голема извесност за среќен крај, кој имам шанса и да го доживеам
Груевски, Мицкоски и Николоски, ако бога знаете, не ѝ пејте реквием на Македонија и не повикувајте на паника и хаос, оти таа уште е жива и здрава и ќе го победи и ова планетарно зло
Воведувањето на вонредна состојба не е преврат, воен удар, насилно преземање на власта, туку мирновременска просветна и хуманитарна борба за спасување на животите на граѓаните кои се загрозени од пандемија, но и за спасување на општествените и приватни добра и имоти