Ерол Ризаов (64) е еден од петте основачи на дневниот весник „Утрински весник“. Беше главен уредник на „Утрински весник“, со 38 годишно искуство во печатените медиуми. Г-дин Ризаов беше првиот директор на „Утрински весник“. Тој е познат во македонската јавност по критичките опсервации на работата на владата. Познат е како сериозен и влијателен критичар на злоупотребите на власта. Според јавното мислење, „Утрински весник“ е еден од најквалитетните и реномираните дневни весници во Република Македонија. Ерол Ризаов заедно со четворица други уредници, е еден од основачите и поранешни сопственици на тој дневен весник.

Пред „Утрински весник“, Ризаов работеше во „Нова Македонија“, првиот дневен весник во земјата. Ризаов работел на сите уреднички и новинарски позиции во дневен весник. Тој бил новинар-коментатор, помошник главен уредник и уредник на деск, во период од седум години. Тој, исто така, пет години бил заменик главен уредник, и три години главен уредник на „Нова Македонија“.

Награди:

Добитник на наградата за животно дело „Крсте Мисирков“ за 2014 година, која ја доделува Здружението на новинари на Македонија. Рубриката „Мое ќоше“, пак, беше наградена со Златна бубамара на популарноста во февруари 2015 година. Во 2013 година, Ризаов ја доби наградата „Жан Моне“ од Делегацијата на Европската унија во Скопје. Награден е и со највисоката национална награда за новинарство во Македонија: Мито Хаџивасилев Јасмин. Уште два пати претходно ја добил наградата Крсте Мисирков за новинарство и еднаш беше прогласен за новинар на годината во „Нова Македонија“.