Banner
Мое ќоше

Груевски служи за потсмев и кај неговите поданици

 

gruevski po izbori

Никола Груевски влезе во тажната фаза од судбината која самиот си ја скрои и која е типична за крајот на политичките нарциси со кои си играат мајтап и нивните најблиски соработници кои до вчера се молеа и се крстеа пред живата икона на самопрогласениот национален исцелител и спасител. Тоа е периодот на потсмев на дворјаните со развластениот деспот кој ја изгубил моќта и уште диригира со оркестарот на „Титаник“ кој неповратно тоне кон дното на политичките гробишта. Велат човекот полудел. Велам, не е точно. Груевски не е луд, тој е само губитник и очајник кој бара спас по доживеаниот трет катастрофален пораз на последните парламентарни и локални избори.  

Откако ги изгуби најголемите влогови на „рускиот“ рулет, пукајќи во главата на државата, сега и пука во слепоoчницата на својата партија. Граѓаните на Македонија го препознаа од поодамна, но сега за првпат се создадоа услови за слободно изјаснување на веродостојни избори на кои му се кажa доста е на тиранот кој 11 години ја држеже во заточеништво државата со своето злосторничко здружение нанесувајќи големи зла и несреќи на сопствениот народ со својата страховлада и  со невиден грабеж, организиран криминал и корупција.

Дека Груевски не полудел сосема кажува и фактот што по изборниот дебакл бара поништување на изборите и организирање на нови избори. Тоа е единствената сламка на која може да се фати очајникот пред судот на својата партија, пред да седне на обвинителна клупа во редовниот суд. Конечно, видовме дека човекот знаел што е демократија и што е слобода, што се фер избори, што е поткуп, мито и корупција, што е Специјално обвинителство, што е независно судство и што се независни медиуми. По поразите на изборите Груевски го бара под итно сето тоа. Тоа не може да не го побара нормален човек. Проблемот е што нормалноста некогаш доаѓа со губење на престолот и на моќта. Да не беше така Груевски ќе дознаеше на време зошто истите тие работи се стасани во Македонија по цела една деценија тешка и мачна борба која однесе многу жртви.  

За 11 години апсолутна власт Груевски не ги употреби толку пати зборовите демократија и слобода колку што го направи тоа вчера по вториот круг на локалните избори кога се обрати до своите преостанати истомисленици во партијата откако  по сè изгледа за првпат го виде крајот на својата политичка кариера. Неговото заминување повеќе не го бараат само политичките противници и критичари на неговите погрешни политики, туку и неговите најблиски соработници, кои сè пожестоко и поотворено го прозиваат да си замине и да ја ослободи партијата од себеси и неговото злосторничко здружение.

Груевски пред јавноста соопшти седум докази дека не полудел, дека не бара такви олеснителни околности за своите постапки и дека е потполно свесен за ситуацијата во која се наоѓа и тој и неговата партија и цела Македонија.

Прво, многу нормално, не ги призна изборите и побара нивно поништување како нерегуларни бидејќи се наместени со поткуп, со бугарски воз и се резултат на брутален терор и полициска тортура, за што има непобитни докази. За бугарскиот воз даде лична гаранција со извонредно прецизно појаснување на неговото движење бидејќи со тој ориент експрес Груевски се возел повеќе пати. Нови избори во организација на ВМРО-ДПМНЕ во ВМРО-ДПМНЕ се решение за излез од кризата, со што би се вратила демократијата и слободата во земјата и би се вратил Груевски на чело на државата. Ова колку и да изгледа налудничаво, воопшто не лудо.

Второ, исто така многу нормално и логично, за правилно да биде информирана јавноста, треба итна смена на директорот на Агенцијата за аудио визуелни и медиумски услуги. Со други думи треба веднаш да се назначи нов директор за перење мозоци кој би бил главен уредник на сите телевизии, интернет мрежи, портали и други медиуми. Тоа би била една извонедна независна личност предложена лично од Груевски.

Трето, ептен нормално и неопходно: Претседателот на државната изборна комисија кој бесрамно тврди дека изборите биле фер и слободни по меѓународни стандради веднаш да си поднесе оставка. Новиот претседател ќе го назначи Груевски.

Четврто, најнормална и најсуштинска промена. Тајната полиција веднаш да се стави под истрага на ВМРО-ДПМНЕ и под директен надзор на Груевски и фамилијата заради основано сомневање дека се прислушкуваат 100 души, во моментот најзначајни луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, кои директно одлучуваат и се највлијателни во избор на претседател на партијата. Со УБК работите мора да се вратат на професионално ниво кога без никакви пречки и потреси со години беа држени под надзор над 20.000 граѓани и јавни личности. Сè до појавата на она селанче од Струмица кое ги фрли бомбите.

Петто, но не помалку важно од сите претходни барања што ја докажува нормалноста на Груевски. Тоа е бомбашот Зоран Заев веднаш да се осуди на повеќе години строг затвор поради земање мито од 200.000 евра. Со тоа главниот непријател би бил ликвидиран.

Шесто, веројатно и најсилен доказ за одличната менталната здравствена состојба на Груевски дека е во добра кондиција е барањето за основање на Специјално јавно обвинителство за расчистување на изборните нергуларности. Да беше полуден Груевски како што тврдат некои негови најблиски следбеници и поддржувачи вакво нешто не би му текнало, во таков случај на губење на здравиот разум тој ќе побараше веке формираното Специјално јавно обвинителство да си ја заврши работата за веќе поднесените тужби за изборни местенки, криминал и корупција… Замислете колку лудо би звучело да излезеше Груевски пред јавноста и  да кажеше ВМРО-ДПМНЕ го поддржува СЈО да си ја заврши својата работа непречено, па затоа бараме да му се зголемат надлежностите за да може да ги истражи до крај сите изборни фалсификати, криминали и сè она што произлегува од незаконски прислушуваните телефонски разговори, но не само од прислушуваните разговори, туку на сè она што значи злоупотреба и кршење на законите од врвот на власта.

И седмото чудо, автентичен доказ за нормалноста на развластениот и поразен до коска, владетел е неговата хуманост и добрина да се прекинат судските процеси и постапки  против сите граѓани кои на 27 април насилно влегнале во Парламентот и ги тепале крвнички пратениците на ново избраното мнозинство. Обидите за ликвидација на пратеници и на партиски лидери и спречување на работата на Собранието не е пострашно од ослободување од затвор на сторители на тешки кривични дела.

Ослободувањето од одгворност на овие маченици кои упаднале организирано во Собранието, е многу значајна работа бидејќи постои реална опасност натамошната истрага да го открие нарачателот на крвавиот пир во Парламентот на 27 април 2016 година, кој заедно со 24 декември 2012 година се најсрамните датуми во парламентарната историја на Македонија. И двата настани, црни датуми, се случија за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Просудете  сами колку се нормални и добро обмислени сите седум барања на Груевски за негово спасение.

Коментирај:

коментари:

Овој текст има 3 коментари

  1. od dedo dimo

    Vlatko i Antonio davaat izjavi – no sosema se OZBILNI (ne se smeskat).Pozdarv Erole.

  2. Игор Димов

    Ме чуди како на Груевски не му текна да го предложи Зврлевски за специјален обвинител и Латас за директор на агенцијата за медиуми. Шегата настрана, мислам дека во неговата партија има квалитетни кадри кои имаат иднина во политиката, како на пример новиот градоначалник на Кавадарци.

  3. nacional-patriot

    Toj ne e lud,tuku toj e glup i zatoa si se dovede vo vakva situacija.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *