Categorized | Мое ќоше

Мааџири и домороци

Објавено на 05 September 2017 од erizaov

chess-691437_960_720

Староседелеците не ги сакаат дојдениците па макар биле од иста нација, иста вера и имале исти јазик, не се омилени дури и да се од иста крв, блиски роднини и ако се од соседното маало. Мааџирите им го реметат спокојството на домороците, тие се омрзнати натрапници, сељачишта, кои им го земаат просторот на тукашните, носат нови обичаи и навики неприфатливи за автентичните, во повеќе генерации, жители на еден кварт, град или било кое населено место. Меѓутоа, кога ќе се каже дека наближува инвазија на бегалци од други држави, различни од нас, со друга вера, со друг јазик, со друга боја на кожата, сиромашни луѓе кои бегаат од војна и од глад, тогаш, настапува прво шок, силен стрес, па вистинска паника, поопасна од таа да се инсталира депонија среде плоштадите во градовите и во населбите. Боже спаси нè, доаѓаат варвари, вандали, терористи и убијци.

Во Македонија со денови бијат вмровските камбани за тревога од една таква  голема опасност од населување на преку 200.000, а можеби и 300.000 муслимани и бегалци од Сирија, Ирак, Авганистан… кои ќе ја окупираат земјата. Најмалку половината од нив се терористи и муџахедини. За нив новата предавничка власт подготвува станови во сите градови кај што може опозицијата да победи на локални избори. На сите бегалци ќе им се дава социјална помош во пари и ќе им се додели бесплатно земјоделско земјиште, ќе имаат предност при вработување, ќе им се изградат училишта за нивните деца, мали монструми, ќе никнат нови џамии и  минариња. Сите тие кољачи уредно ќе добијат лични карти и ќе можат да гласаат на изборите, исто како да се дојдени од Пустец.

Така Америка, ЕУ и предавничката власт во Македонија ќе победат на изборите во сите  градови и села, потоа веднаш ќе го сменат уставното име на државата, ќе го воведат албанскиот како службен јазик и ќе мора сите  да учиме албански оти дебело ке нè казнуваат. Потоа  Бугарите ќе ја добијат бакшиш Источна Македонија, Албанците западна сосе половина Скопје, а Србите ќе се задоволат со другата половина од десната страна на Душановиот мост со северниот дел на Македонија. Грција останува да ја контролира вардарскарта долина. Тоа и било најважно откако ќе ја снема Македонија.

Луѓето што ја смислиле ова доктрина и што се кријат зад граѓански асоцијации не се ни болни, ни ненормални. Тоа се интелегентни криминалци и гангстери кои со сеење страв меѓу граѓаните сакаат да победат на избори и да го одложат соочувањето со правадата и со судот поради направените злодела и поради грубо кршење на законите во повеќегодишен период. Во стравот големи се очите. За да се спасат себеси смислиле како да ја спасат државата од непостоечка опасност па ги викнале на помош фантомските бегалци. Ги вклучија сирените за тревога и најавија реферндуми за заштита на државата од бегалци баш на денот на локалните избори.

На 15 октомви луѓето рано сабајле ќе одат прво во црква, потоа ќе одат да заокружат „НЕ“  за бегалци, против  населувањето на исламски терористи и на крајот ќе одат да гласаат против новата власт која ја раскрчмува Македонија. Ова не можат да го смислат ни најголемите лудаци. Тоа е дело на очајници. Но, ако тие не се луди, тогаш кој е луд во Македонија што некој, било кој, може да сее страв и паника неказнето, да организира собирање потписи и референдуми за непостоечка бегалска инвазија, да повикува на омраза, да лаже безочно за изградба на станови, делење  социјална помош, на раздавање земјоделско земјиште, вработувања, и разни други привилегии. Дали во оваа земја има јавни обвинители, полиција, судови, институции на системот кои се должни, законски обврзани и одговорни да спречат вакви јавни и масовни обиди за дестабилизација на државата за да се спасат грст криминалци од соочување со правдата за свои поранешни кривични дела. Сите тие што се одговорни и надлежни да покренат соодветни постаки во вакви случаи загадочно молчат небаре гледаат некој хорор филм несвесни дека тоа се случува во нивниот двор кој им е даден на одржување и за тоа примаат плата и уживаат одредени привилегии. Мислам дека лудилото е кај нив кога сето тоа можат да го гледаат, слушаат спокојно без да си ја работат својата работа.

Добро што новата власт не ги практикува методите на старата власт. Инаку сега ќе имаше закажано паралелни референдуми на 15 октомври во истите градови на кој  ќе се бара граѓаните да се изјаснат дали се за слобода на криминалците, или треба да им се суди. Добро е што новите не сакаат да бидат исти како старите. Нека нема референдуми за владеење на правото, или на кривото. Ама јас ќе гласам на локалните избори така што гласачкото ливче ќе го прочитам како референдумско: Дали си за тоа осомничените за криминал да одат на суд и да ја докажат таму својата невиност,  или да се вратат на власт и таму да ја докажат својата чесност.

Коментирај:

коментари:

loading…


Leave a Reply


Photos from our Flickr stream

See all photos

Twitter


календар

October 2017
M T W T F S S
« Sep    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031