Ни Водно, ни Пирин не се помрднаа

Објавено на 26 July 2017 од erizaov

 

vodno pirin

Владата го прифати текстот на Договорот за добрососедство со Бугарија. Премиерите на двете земји, Зоран Заев и Бојко Борисов,  на Илинден, 2 август, ќе го потпишат документот кој од утредента 3 август ќе фаќа прав во архивите. Во главниот град на Македонија, или што би рекле нашите соседи, во столицата, Водно не се помрдна, а и Вардар не претече. Во Софија се разденило како и секој ден, а и Пирн не мрднал од местото. Никој ни во Македонија ни во Бугарија не си го смени ниту идентитетот, ниту  пак остана без јазик, без разлика што пишува во Договорот и во Уставот на двете земји. Разбира сè. Ама затоа многумина си ги исчешаа јазиците. И тоа ептен добро откако прво убаво ги исплазија.

Во Македонија, а спомнеш Бугарија и обратно, штом изустиш Македонија во Бугарија, почнува силно чешање на јазиците. Толку силно што чиниш некоја шуга нападнала. Ако не е шуга тогаш мора да е краста. Толку се големи и длабоки историските наслаги од кои политиката и злоупотребата на науката во изминатите векови направија пустош во свеста на луѓето кај двата соседа. Дури и поголеми од дивите депонии што чурат низ Македонија. Историскиот апсурд  на договорот, кој се крчакаше повеќе од една деценија во политичките и научните лабаратории од луѓе кои добро се платени и убаво живеат баш на стратегијата никогаш да не се направи ситуација да нема проблеми меѓу две земји, е во тоа што во различни периоди имале различни ставови за една иста работа. Ќе речете тоа е нормално, луѓето со текот на времето да го менуваат својот став по одделни прашања, особено ако се работи за сосема нови околности и изменети ситуации.

Но, во случајот со Бугарија, во Македонија е длабоко всадена една доктрина која му се припишува на познатиот српски политичар и премиер Никола Пашиќ, кој кога го испраќал првиот српски амбсадор во Софија го предупредил со следните зборови: Една работа мораш да ја запамтиш, нашиот став во принцип секогаш е спротивен на бугарскиот. Тоа остана така како принцип и во Македонија секогаш се спротивставени ставовите кои доаѓаат од Бугарија, дури и откако Бугарија и Србија ги подобрија своите односи.

Во Бугарија, пак, и во царштината и во комунизмот и во капитализмот и сега во фазата на европезацијата која кај балканците трае во просек едно 150 години, толку треба од Шоп да се направи Европјанин ако во меѓувреме не се пишмани, Македонија секогаш била незалечена рана и тешка воздишка за невозвратената љубов и трагичен крај од „најромантичниот дел на бугарската историја“.  Секогаш кога ќе ги слушнам овие зборови на бугарските шовинисти кои не можат да ја прифатат историската реалност дека постои македонска национална свест и македонски јазик и посебност на македонскиот народ, ми текнува на тегобите и с’клетот што го имал младиот Адолф кој живеел  на австриско – германската граница и никако не можел да разбере зошто еден ист народ живее во две држави. Многу Бугари во меѓувреме разбраа дека се работи за две различни држави, ама сè уште некои пациенти мислат дека тоа се две држави на еден исти народ. Бугарски.  За нив сè уште кога ќе го спомнеш зборот Македонци, тоа значи Срби, односно неосвестени Бугари. Уште со голем ќеф го раскажуваат стариот виц дека штом се избања Македонец станува чист Бугарин. Македонците пак возвраќаат: Бугарите не се Македонци затоа влегнаа во НАТО и во ЕУ.

Е, сега во врска со илинденскиот договор за добрососедство. За тие што ги чешаат јазиците во нивните патриотски битки за власт и за тие што убаво живеат на сметка на затегнати односи меѓу Македонија и Бугарија ова приближување е многу опасна работа која може да ја обезличи Македонија и да означи крај на таканаречениот македонизам, од една страна, а од друга тоа може да означува уште еден неостварен сон на големобугарските повеќевековни сонувачи на Сан – Стефано. Меѓутоа, мислам дека во Бугарија овојпат се свесни дека со трикови и со изнуден договор, демек ги начекавме Македонците на тесно, нема да постигнат ништо. Само искрено добрососедство по европски терк со признавање и целосно уважување на посебностите Бугарија и Македонија можат да ги остварат своите интереси и да покажат троа европејска култура на Балканот. Во Бугарија знаат дека признавањето на државата Република Македонија и првиот договор за добрососедство од овој тип имаат значние ако се први и искрени. Тоа ќе треба да се дознае и во Македонија, дали  конечно Бугарија сака искрени комшиски односи со Македонија неоптоварени со ништо. Тешко им е на Македонците да поверуваат во тоа. Колку е вистински договорот, а колку во него има јадец ќе се види многу бргу. Ако Македонија ја голта првата крастава жаба од Бугарија на патот за Европа, добрососедството, ќе остане на хартија во архивот. Во свеста ќе остане уште една темна дамка.

Коментирај:

коментари:

loading…


8 Comments For This Post

  1. Игор Димов Says:

    Убаво што се затвори спор кој беше услов Македонија да се зачлени во Европа. Веројатно подолго ќе трае надминувањето на меѓусебните стереотипи. Мене повеќе ме загрижуваат домашните шовинисти кои заговараат инциденти на Илинден за време на говорот на Талат Џафери на Мечкин Камен или при посетата на премиерот Борисов во Скопје.

  2. od dedo dimo Says:

    Tolku ednostavno i jasno, bravo Erole.

  3. nacional-patriot Says:

    Imam vpechatok deka ovoj dogovor pomegju SDS i Sofija ne go gledash tolku pozitiven i so voodushevuvanje,za razlika od rezhimot i negovite analiticharski i novinarski podrzhuvachi.Ti pozitivno me iznenadi zatoa shto ti kako okorel podrzhuvach na SDS *normalno* kje beshe ovoj dogovor da go pretstavuvash onaka kako shto go pretstavuva rezhimot vo Makedonija.Ne si tolku ni kritichen,ne go pretstavuvash kako mnogu losh,no ja ostavi i varijantata deka ovoj dogovor vo idnina mozhe da se pokazhe i kako losh.A deka e losh,povekje e od jasno.Vo takanarechenata Bugarija nikako ne se menuva doktrinata shto si ja zacrtale kon makedonstvoto.Ne sum zabelezhal kaj sanstefanskite sonuvachi i ovde i tamu da ne go podrzhuvaat dogovorot.Simptomatichno e shto prosifiskite orientirani Makedonci se voodusheveni od dogovorot i zboruvaat i pishuvaat so superlativi za Zaev i za SDS i gi falat.Ova mnogu pokazhuva deka SDS prifatil dogovor shteten za interesite na makedonshtinata.Dogovorot ne e vrz ramnopravni osnovi zatoa sto od Makedonija se bara revizija na uchebnicite po istorija,nedemokratska kontrola na makedonskite mediumi,prisvojuvanje na makedonski praznici i istorija…Sepak ne veruvam deka dogovorot kje zazhivee vo praksa.

  4. Erol Rizaov Says:

    До господин Национал патриот.
    Многу ми е жал што или не си го разбрал текстот, или пак така сакаш да го толкуваш.
    Денеска во Македонија против добрососедство со Бугарија се само примитивни бугаромани од кои се срами современа Бугарија и оние кои живеат убаво од затегнати односи на Македонија со Бугарија и со сите соседи вкључувајќи ја Америка и ЕУ. Станува збор главно за антизападно ориентирани ражимски и криминогени шушљупаци. Тука ги вбројувам и слепите партиски војници кои без да мислат прифакаат се што ке се соопшти од партијата и осомниченото за криминал раководство.
    Вие нацинал патриот, или подобро кажано, национал социјалист изгледа припаѓате на сите три категории. Инаку кога реагитрате вака на текст на автор кој 41 годиуна ги потпишува своите текстови и вие ке се потпишевте, а не да се криете како п…а под кошула. Nomen is omen.

  5. nacional-patriot Says:

    Mene mi e navistina zhal shto ti ne si go razbirash sopstveniot tekst ili koga dobi pofalba od nekoj kako jas,se obiduvash da se isperesh pred tvoite mentori.Koi se tie prosofiski orientirani i sofiski nacionalisti koi jasno go osudija dogovorot i od koi se srami takanarechenata Bugarija?Tokmu takvite se vo ekstaza poradi dogovorot,a tokmu tie se nacional-shovinisti kako Bozhidar Dimitrov i Karakachanov,likuvaat so ovoj losh dogovor za Makedonija i kazhuvaat deka toa e krajot na makedonstvoto.Ne stavaj etiketi za antizapadno odnesuvanje kon onie koi se za branenje na makedonskite interesi.Antizapadni se onie koi ne gi pochituvaat pravilata i pravata za pochituvanje na makedonskoto etnichko i drzhavno ime,etnichki identitet,jazik.A takvi se sosedite na Makedonija.I za tvoja informacija,jas ne sum partiski opredelen,a porano bev.Ako imav moj vesnik ili portal,bi se potpishuval so moeto ime i prezime,a ne se potpishuvam,ne zaradi strav zatoa shto ne se plasham od ovoj kvinslishkomarionetski rezhim.Pa ne se potpishuvav so ime i prezime i koga beshe prethodniot rezhim i koga go podrzhuvav nekoe vreme.Ako navistina go podrzhuvash ovoj dogovor,podrzhi go otvoreno kako shto toa go pravat Ljubcho,Bozho Dimitrov,Karakachanov,Shilegov,organizacijata Radko…,a ne kako p…a pod koshula.

  6. Георги Милев Says:

    @nacional-patriot: Национал-патриотите би требало барем да пишуваат македонски на кирилица, особено кога ги “бранат националните интереси”, ти текнува? За кој македонски јазик паk ти се залагаш, кога ни до кирилицата не си стигнал? Г. Ризаов е Турчин (мислам), па повеќе ја почитува нашата нација од тебе, ете на пример. Или можеби, да имаште портал…

    И аман немој веќе да не’ браниш, изгинавме! Албанија и Бугарија се во НАТО, а Косово има повеќе странски инвестиции од Македонија, додека вие филозофирате уз срнечки котлети.

  7. nacional-patriot Says:

    Po shto zakluchi deka toj ja pochituva makedonskata nacija povekje od mene?Daj nekoj primer.I shto ako se vo NATO?Za da stanat chlenovi tamu,ne se barashe od niv toa shto se bara od Makedonija.Povekje stranski investicii vo Kosovo,a tamu nevrabotenosta povekje od polovina.

  8. EdnaDUMA Says:

    Po sve sto ovoj narod go dozivea vo poslednite 30-tina, nie navistina treba da zastanme I pogledneme sto se slucuva okolu nas.
    Minatoto nema da ni ja resi idninate ama moze da sluzi kako kompas.
    Razlikite pomegju narodite na Balkanot voglavnom se koristeni od politicarite za ‘letanje patriotski zmejovi’ so cel ostvaruvaje na nekoi mracni celi ili ostanivanje na vlasta. Za niv nisto ne bese sveto.
    Alde da vidime sto e reseno na Balkanao od raspadot na Jugoslavija.
    NISTO, razlikite se prodlabocija za nekoi nametnati problem, ima lugje koi se zbogatije mnogu, ima narod koj osiromasi mnogu I se povece osiromasuva za nakrajot I dusata da ja pobaraat od nas.
    Sto e najbolno mnogu maldi ja napustija drzavata, nikogas da ne se vratat.
    Pa stvarno treba da se kaze dosta vece! ostavete ne na mira

Leave a Reply


Photos from our Flickr stream

See all photos

Twitter


календар

December 2017
M T W T F S S
« Nov    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031