Categorized | Мое ќоше

Милост за апашите

Објавено на 10 March 2016 од erizaov

ivanov

Вооружени специјалци до заби, распоредени пред Уставниот суд на Македонија, ќе ги бранат од народот петте партиски судии на власта. Ним им треба заштита за да ја одработат спокојно срамната одлука и да ја дозавршат политичката нарачка за претседателот на државата Ѓорге Иванов, заштитен со Устав, за да може да помилува сторители на тешки кривични дела, вклучувајќи и за изборен криминал. Народски кажано Иванов како обезвластен и некрунисан цар треба да даде милост на апашите за кражба на волјата на граѓаните. Добри се изгледите тоа да се случи, послушниот претседател со амин на Уставниот суд да ја запечати една од најсрамните одлуки во независна Македонија.

Дали беа бадијала сите протести, сите стручни и јавни укажувања на еминентни правници и универзитетски професори по уставно право, уставотворци кој го напишале Уставот, академици, кои недвојбено јасно предупредија дека таквата конечна одлука на Уставниот суд би значела државен удар и крај на државата. Брзањето на Уставниот суд да ја донесе крајната одлука покажува дека стравот од соочување со правдата е голем, а тоа значи дека воопшто не биле залудни ни протестите на граѓаните, ни јавните настапи и предупредувања на правните експерти. Колку власта е поарогантна толку е поиспаничена, па влече погрешни потези ѓоа преку извесен охридски адвокатски приправник кој има толкава моќ и сила да врши притисок врз Уставниот суд, а индиректно и врз институцијата Претседател на државата. Ароганцијата и стравот заслепуваат, па не можат нарачателите да видат дека ако со помош на специјалци се донесе конечната одлука за стопирање на правдата и законската постапка за утврдување на изборниот криминал, тоа ќе биде силен доказ за целата јавност дека навистина режимот на Никола Груевски извршил државен удар, контролирајќи ги и Уставниот суд и сите институции на системот, почнувајќи со судовите во сите инстанции и завршувајќи со парламентот и претседателот на државата.

Втората причина зошто се избрзува одлуката на Уставниот суд се најавените активности на Специјалното обвинителство и неговите поодминати истраги за изборниот криминал. Според сознанијата и доказите со кои располага обвинителството, од кои еден дел веќе слушнавме од обвинителката Фатаиме Фетаи, тешко ќе му биде на кој било суд да донесе ослободителна пресуда, па макар за главен судија да го стават несудениот правник Илија Димовски, директор на комуникацискиот центар на ВМРО-ДПМНЕ и агилен пратеник. Дури и ако деновиве пламнат магацините во Визбегово и изгорат до пепел сите гласови и листи од досегашните избори.

Уставниот суд испраќа порака на јавноста неполни три месеци пред изборите што и да направи власта, се’ ќе и’ биде простено колку и да се опасни злосторничките здружувања и кршења на законите за слободни избори.

Попречувањето на правдата е силно и за другите истраги и гонење на осомничени во високите ешалони на власта и за кривични дела во областа на организиран криминал, корупција, перење пари, затајување на даноци, злоупотреба на службената положба и други узурпации од позиција на сила.

Во врска со спречување на правдата за изборен криминал, всушност, не се работи за милост на осудени лица кои издржуваат затворски казни, туку претседателот на државата да добие законско право да ја попречи правдата пред да седнат осомничените на обвинителна клупа во судот. Оправдувањата дека такво право имал поранешниот претседател на државата, видовме не држат вода, бидејќи ограничувањето 2009 година го предложи ВМРО-ДПМНЕ, а неговото мнозинство го изгласа во парламентот. Иако настаните и поводите се многу различни пред седум години и денес, има едно строго правило и во правото и во животот: поранешно зло направено пред повеќе години не може да се оправда со зло направено денес во никој случај, а најмалку од исти луѓе. Еднаш претседателот ако не е наш ќе му го скратиме право на помилување на тие што ние ќе ги судиме, ако е наш ќе му го дадеме правото да спречи судење на нашите луѓе колку и да згрешиле. Какво право е ова.

Третата причина за брзањето на Уставниот суд е на сосема друга страна. Неа ја обелоденија двајца познати универзитетски професори Сергеј Гуриев и Даниел Трејсман, кои своите наоди ги објавија во „Њујорк тајмс“. Овие двајца научници кои го проучуваат новиот вид авторитарни владетели и „меките“ диктатори, кои ја концентрираат моќта и ја задушуваат опозицијата, ја укинуваат внатрешната контрола кои покрај пропагандата и цензурата со разни трикови го зголемуваат својот рејтинг за да ги убедат граѓаните дека се подобри од достапните алтернативи, меѓу другото имаат и еден посебен начин да ги блокираат политичките противници. Тоа се бескрајните судски процеси, сослушувања и други правни формалности. Дали ова што се случува со лидерите на опозицијата Зоран Заев и Радмила Шекеринска не ви личи на таква стратегија со серија кривични постапки, со секојдневни повици и сослушувања на суд, со нивно сатанизирање преку контролираните медиуми. Од друга страна се опструкциите и нападите врз Специјалното обвинителство и врз обвинителот Катица Јанева да се попречи правдата, комбинирани со закани, ограничувања и тужби.

Главниот заклучок на оваа беспрекорна анализа на Гуриев и Трејсман за новите режими завршува со констатацијата дека Западот мора да се позанимава со спречување на таквите автократи. Лобирањето во полза на диктатори треба да се смета за сериозен прекршок на западните влади. Не само етички.

(Објавено во Утрински)

Коментирај:

коментари:

loading…


4 Comments For This Post

  1. FELIKS Says:

    Тука само врви коментар од подржувачите на Ризаов,што е непобитен и ноторен факт.И покрај тоа ќе се потрудам да искоментирам спротивно од аколумнистот. Никаде и никогаш нема осврт на Ризаов кога Црвенковски ги помилува изборните вандали од сопствените партиски редови.Ги помилува полначите на изборните кутии,ги помилува кршачите на изборните кутии,ги помилува партиските силеџии кој ги тормозеа гласачите и т.н Тоагаш се беше ОК и нормално изостана реакцијата на авторот.Него никогаш не го прочитав како тоа кумата на легендарните фалц избори 1994г. стигна до председател на уставен суд,по заслуга так нормално.И на крај исто така не прочитав ништо кога беше аболициран апаш а сега лидер фатен исто така филмски во корупциски апашлок.се надевам дека ќе имам барем еден читател на ова мое коментирање и ништо повеќе.така си е тоа во колумнистичкиот опозициски свет,кога поинаквото ќе се испоцензуира.

  2. ZDRAV PAMET Says:

    FELIKS Со овој ваш коментар и со неговото повторување од страна на вашата владеачка партија јавно признавате пред народот дека сте го извршиле криминалот за кој се товарите од страна на Специјалното обвинителство со сите неспорни докази. Ова на народот му е јасно како бел ден и баш му е гајле што правел Црвенковски. Народот вас ве избра во 2006 година за да го смени него со некои подобри, а вие се покажавте 100 пати полоши. Сега после 10 години од вашиот криминал и злоупотреба на власта не ви помага и на Папата да се повикувате ни на Господ, во затвор ќе завршите и око нема да му трепне на народот, ниту солза ќе му капне оти знае дека сте виновни до гуша. Доста беа вашите зулуми врз Македонија и Македонците, истече времето. Сега ќе си ја платите цената. И доста плачете по сајтови, блогови и социјални мрежи како мали деца, бидете мажи барем еднаш. Или мажи сте само кога крадете туѓи пари, кога рекетирате фирми, кога се заканувате на луѓето и нивните семејства, кога тепате и убивате?!

  3. kiro usa Says:

    Gledam deka “feliks” vi se zalepil kako muva na …I uporno odi kontra.

  4. FELIKS Says:

    Треба да расприкажувам како тоа на народот му е ,,јасно како бел ден,, а анкетарски ве помрачува постојано.Ајде да се анкетиве домашни па да крикнете очајно,,наместени се,, Но ова анкетарски ви тупосаа токму Америте преку ИРИ и Прима Галуп.Од тие причини се успаничивте и сте единствена опозиција која ниту бара избори, и ако ги побара почнува да ги саботира.А за криминалите ќе си го прашате батето на бате Вице,кој е задрт аболициран криминалец,кој го преповторува делото са барање мито од 200.000 евриќи.Дури и на бившиот сопартиец Јакимоски писмено му побарал мито од 250.000 евриќи.Па сега Јакимовски прозива мафта со писменото коруптивно барање.Инаку СДСМ е единствена власт во која настрадаа два председатела, што говори многу .Да не пишувам за ,,сачекушата,, на Диме поштарот, мистериозно настрадани полицајци и полицајки после атентатот на Глигоров.А за Киро УСА не вреди трошење труд,човекот иако е во УСА останал недоквакан билмез,кој место полемика културна и ненавредувачка пласира примитивности.

Leave a Reply


Photos from our Flickr stream

See all photos

Twitter


календар

November 2017
M T W T F S S
« Oct    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930