Month: January 2018

Ориент експрес

Будалите немаат рогови

Почитувани партиски лидери, научни авторитети, уставотворци, уставобранители и „искусни реалисти“ оставете го јазикот сега настрана оти отиде државата во неврат. Без главата, не работи ни јазикот. И додека чекаме изгубени во преводот на амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за законот на јазиците, на предлозите на господин Метју Нимиц и на четирите точки на грчката влада кои ги најави министерот Коѕиас, нормален човек не може, а да не се праша - добро бе, дали нормалноста станува сериозен хендикеп во оваа земја или, пак, тоа е толку добро обмислено што можат да го разберат само тие што навреме полуделе
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Заев ќе ја голтне жабата

На патот за Европа секоја нова членка на Унијата ќе голтне по една жаба. Непријатно, ама тоа е цената која мора да се плати, напиша одамна колегата Зоран Дограмаџиев. Сојузот со НАТО и членството во ЕУ, заедно со печатот на ОН колку и да изгледа во овој момент апсурдно, всушност се најсилна одбрана на националниот идентитет на македонскиот народ, на стабилноста и на идниот развој на Македонија. И обратно, испуштањето на оваа шанса повикувајќи се на одбраната на идентитетот и на уставното име е најкусиот пат кон исчезнување на Македонија и нејзината поделба
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Ципрас и Заев во Давос – почеток што ветува

Првпат гледаме двајца насмеани премиери, на Грција и на Македонија како по три часа дијалог, откако поминаа три децении тешки и мачни разговори на нивните претходници кои не постигнаа ништо значајно освен попречување на евроатланските интеграции на младата соседна држава, праќаат порака до јавноста со ведрина дека е можно да…
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Секој што тропа глупости се повикува на „народ“

Искомплексираните Грци протестираат во одбрана на името. Искомплексираните Македонци протестираат во одбрана на македонскиот јазик. За името ќе протестираат подоцна. Нормалните Македонци пијат кафе, купуваат убави партали на распродажба во Солун и одат на риболов во Грција. А, нормалните Грци одат на вечера во казината во Македонија, се забавуваат, играат рулет и блек-џек, на враќање полнат поевтин бензин
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Престанете да ги плашите граѓаните

Не треба слепо да се верува на сѐ што нудат големите научни авторитети, особено кога се работи за национални, идентитетски прашања и во врска со нив толкувања на закони и устави, договори, декларации и одлуки. Таа тревога треба да се прима со исто толку резерви и воздржаност колку што не треба да им се верува на политичарите пред избори.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Конкурс за Ќосе

Последен час е кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов во консултации со научните експерти и негови советници да распишат јавен оглас за нов Ќосе што ќе го ликвидира предавникот и непријател број 1 на Македонија , Зоран Заев, и ќе ја заврши работата како што треба, според добрата традиција…
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Адио господине Метју

Драг Метју, јас знам што мислите вие за овој единствен од овој тип проблем во светот, ама тоа до сега не можевте да го кажете гласно, оти се коси со правилата. Вие сте умен човек, а сепак успеавте да останете нормален, се надевам дека ќе ве служи здравјето да напишете една книга за вашата работа во изминатите децении кога баравте име за Република Македонија што нема да ја вознемирува Република Грција, а кое ќе им се допадне и на Македонците и на Грците. Тоа чудо невидено ќе мора да се учи на факултетите за меѓународно право, но и на медицинските и на ветеринарните факултети
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Ќе стави ли претседателот вето

Што мислите ќе има ли толкава храброст претседателот на државата Ѓорге Иванов да не го потпише законот за употреба на јазиците и да дозволи пратениците на власта и на опозицијата заедно да го изгласаат законот во втор обид. Чинам дека веќе некој му шепнал на претседателот дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи едногласно Законот ако дојде по втор пат на дневен ред во Собранието иако повеќе сакаат таа работа уште сега место нив да ја заврши претседателот им
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Како да се спаси Македонија

Две генијални решенија можат да ја спасат Македонија од големите маки и страдања. Првото решение е владата да воведе строга цензура во сите медиуми и на сите социјални мрежи никој да не смее да пишува за злосторствата и злоделата на претходната власт. И, вториот ингениозен изум, кој е веќе во поодмината фаза на остварување, е изградба на површина од 25.000 квадратни километри на најголема депонија во светот каде целото европско и домашно ѓубре ќе се пали под меѓународен надзор како медицински отпад
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Пишуваат ли Ципрас и Заев нова историја…

Тоа што на едните им изгледа прифатливо и фер за другите е ерес. Еве како тоа би изгледало на конкретен пример. Кажано хипотетчки, дури и да прифатат двете влади географска одредница нова Македонија , северна Македонија, горна Македонија, најчесто спомнуваните имиња во последните лицитации. Ако се остане само на тоа, може и да помине некако во Македонија, што чинам е невозможно во Грција
Прочитајте повеќе »