Ориент експрес

Почнува најдолгата априлијада

Први април е празник на шегата, на детската лага, на убави маски и многу радост со почеток на пролетта, а во некои земји го есапат како почеток на годината. Кај нас може да означи и почеток на нова ера ако конечно откриеме што е лага, а што вистина. Овој април тие што ќе лажат најмногу не е детска шега, иако на тоа наликува. Ќе нè лажт сериозни луѓе, универзитетски професори, научници, впрегнати во партиски чези да покажат кој подобро лаже. Несреќата е во тоа што луѓето сакаат да веруваат во овие лаги, така се чуствуваат подобро
Прочитајте повеќе »

Сепак се врти…

Во Македонија станува секој ден сè попрепознатливо кој е за владеење на правото, а кој е за амнестија и неказнивост на криминалците и тие што ги злоупотребиле своите овластувања додека заземаат високи функции. Она што веќе може со сигурност да се каже, иако сме далеку од владеење на правото според европските стандарди и според тоа колку луѓе се во затвор на издржување на казната и колку вратиле од украденото, конечно, во земјата е постигната една значајна цел, а тоа е прекршителите на законите живеат во страв од соочување со правдата
Прочитајте повеќе »

Осумте величествени повторно јаваат

Во ек е уште една голема војна на делби со неопходната радикализација и силна доза на омраза во битките за власт. Се бара апсолутна власт без оглед дали станува забор за локални, или парламентарни, или претседателски избори. Така им е полесно на лидерите да владеат. За да се предводи коалициона влада, да се биде претседател на државата, или градоначалник на сите граѓани, не треба камшик треба ум, подготвеност на компромис и толеранција. Само што почнавме со ум и со компромиси сите за нешто уценуваат. Се плашам ќе го вратат камшикот
Прочитајте повеќе »

Ципрас за претседател

Помислата Алексис Ципрас да биде наш претседател е рефлексија која ми предизвика убаво чуство по неговата изјава директно насочена кон ЕУ и Брисел. Грчкиот премиер на европските демокарти им порача: „одбивањето на почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија, по сето она што го постигнавме со историскиот договор од Преспа би била одлука во корист на силите на назадувањето и национализмот на товар на политиката на напредок, мир и пријателство на народите.“ Ете, тоа им го кажа Ципрас на европските социјалисти како опомена и загриженост од опасностите што се надвиснале од радикалната десница над Европа. А, што кажуваат нашите тазе десничари. Многу полоши работи од европските радикали
Прочитајте повеќе »

Не е во прашање ни Катица ни СЈО

Најдобро засолниште на носителите на организираниот криминал, на корупцијата, на нарушување на човековите права и слободи, на изборните измами, на подривачите на општествено економскиот поредок, стана партиската борба за владеење на правото. Заглушува и оќоравува ѓурултијата што се крева на сите страни за владеење на правото. Македонија стана земја со најгласна определба за почитување на законите, а со најмалку затвореници од политичкиот врв кои се сторители на тешки кривични дела
Прочитајте повеќе »

Вучиќ ги плаши Србите со „македонско сценарио“

Малку, малку, па ќе им се навртат на Македонците претседателот Александар Вучиќ и неговиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за да им кажат на своите домашни политички противници и критичари кои во владеењето на Вучиќ препознаваат режим, колкава „Баба Рога“ е Македонија. Ја плашат Србија да не биде како Северна Македонија, а во суштина од настаните кај нас како невакцинирани политичари од морбили се плаши Вучиќ, а не Србите
Прочитајте повеќе »

Ни Нирнбершки ни кафкијански

По последните поресуди, изгледа дека политиката ја препушта правдата на судството, иако кога е во прашање судирот на политиката и правото рано е да се даваат оценки и оптимистички закључоци. Политичкиот црн пазар од Апелација до Врховен суд може повторно да проработи. Третото крвопролевање во Собранието, ако останат неказнети, се очекува Христијан Мицкоски да го опише како палење на Рајстагот од комунистите. Сепак нешто помал е срамот кога професор по уставно право и претседателски кандидат не знае што означува кафикајнски процес од професор по физика, кандидат за премиер, кога не знае што значи Нирнбершки процес
Прочитајте повеќе »

Медената земја на Атиџе од Македонија

Во наездата на груба политичка пропаганда, во изобилие на примитивизмот, на лаги и омраза ајде малку да се порадуваме на нешто добро, пардон одлично, светски вредно. Денешната колумна е посветена на документарниот филм „Медена земја“, вистинска приказна за последната жена одгледувач на диви пчели во Европа. Тоа е приказна за нас, за планетата земја, за човекот, за природата, тоа е силна порака како да се спаси светот која ја испраќа Атиџе од Македонија. Тоа е супер планетарно актуелна, автентична, уметничка, научна, филозофска, поетска, литерарна, историска, еколошка, политичка сторија, искажана лаконски јасно и едноставно. Атиџе вели, земи половина од медот за себе, а половина остави им го на пчелите. Ако тоа не го напрвиш, пчелите ќе умрат од глад. Ако не и го оставиш и на природата нејзиниот дел, од тоа што треба да ја храни, ќе умре. Ако умре природата ќе умрат и луѓето
Прочитајте повеќе »

Дваесет години затвор за попречување на правдата

Во правосудниот систем го нема реформскиот закон број еден, главен столб на кој се потпира владеењето на правото во земјите каде законите важат подеднакво за сите, кој предвидува остри казни за попречување на правдата, во зависност од тежината на кривичното дело. Може да се донесе експресно со 61 гласа во Парламентот. Ќе биде многу интересно да се види кој е против. Тие што ја попречуваат правдата наместо да одат во затвор бараат од граѓаните согласност да управуваат со државата оти била загрозена слободата на водачите и креаторите на паднатиот режим, на носителите на злоделата и злосторнички здруженија, на главните босови на криминалот и корупцијата
Прочитајте повеќе »

Кој ќе победи, правото или политиката?

По обидите за разапнување на СЈО во земјата владее колективно миење за чисти раце и на носителите на власта и на опозицијата. Вакво масовно лицемерно лелекање и плачење за владеење на правото од тие што го задушија досега не е забдележано. Во лулката на организираниот криминал и корупција сите врескаат „држте го крадецот“. Изгледа се подготвува ново пишување на индулгенции и простување на гревовите. Само што овојпат црквата може да простува, ама граѓаните НЕ
Прочитајте повеќе »