Ориент експрес

Ајде сите да се тестираме

Ах, Павле, Павле, мора да направиме лекарските уверенија и тестирања да бидат како за возачки испит, плати на каса и оди врши си работа оти ако има детални прегледи и тестови ќе испадне работата дека во земјичката ни, нема здрав човек
Прочитајте повеќе »

Споменик што оди и зборува

Имав уште една чудесна средба со споменик што оди и зборува. И тоа секоја дума му е на место, јасна и поучна, згора уште научник од светска класа. Човек од крв и од месо, постар 26 години од државата, има сто полни години и тера сто и една. Единствен жив сведок на многу настани од современата историја. Македонската академија на науките и уметностите деновиве одбележа единствен јубилеј во својата 52 годишна историја од постоењето до денес. Со мало задоцнување го одбележа 100 годишниот роденден на академик Ѓорѓи Филиповски кој по многу нешта е исклучителна личност
Прочитајте повеќе »

Европски национализам во балканско пакување

Метлата на Заев се очекува како волшебна на која ќе летаат вештерки. Се ми се чини најголема жртва од претседателските избори ќе понесе победникот. ВМРО ДПМНЕ уште слави и ги грее гласовите на тивок оган. ДУИ не ја признава владата и премиерот во делот на одговорноста. Премиерот Зоран Заев ќе чисти во својот дел од дворот. Да живее слободата побудале народот.
Прочитајте повеќе »

Кој со кого ќе се помирува

Предлогот на сите релевантни парламентарни политички партии за непречена работа на Специјалното јавно обвинителство со уште поголемо зголемување на неговите ингеренции за гонење на криминалот во високите редови на актуелната власт и за завршување на сите започнати предмети и нови истраги за злоделата на претходната власт со предлог на нов закон со ригорозни казни за секое попречување на правдата би било најголемото граѓанско помирување и смирување на подолг рок. Тоа би го означило отврањето на вратите на ЕУ за преговори уште наредниот месец
Прочитајте повеќе »

Ем ситни души ем плачковци

Најлошата работа која сега ни се случува е повторното пребројување на гласовите од изборите по национална и верска припадност. Тоа е враќање во минатото бидејќи паролата заедно напред станува опасна за сите националисти и шовинисти добро позиционирани во сите политички партии
Прочитајте повеќе »

Господ да ја благослови Северна Македонија

Папата Франциск: Овие посебни карактеристики се од важно значење за патот кон што побрза интеграција со европските земји. Се надевам дека оваа интеграција ќе се развие позитивно за целиот регион на Западен Балкан. Претседателот Иванов: Вие доаѓате во време кога македонското општество е длабоко поделено, а македонската држава е тешко ранета поради прекршени ветувања, изневерени очекувања и разнишана доверба во меѓународната заедница.
Прочитајте повеќе »

Ги слушнавте ли пораките

Македонија ја одбегна политичката криза и застојот во евроатланските интеграции и економскиот развој. Петиот претседател на државата е Стево Пендаровски избран на беспрекорно чисти избори. Кои се главните пораки до власта и до опозицијата.
Прочитајте повеќе »

Зошто ќе гласам за Пендаровски

Со изборот на Стево Пендаровски современиците имаат историска шанса, но и обврска да ја продолжат и да ја завршат најзначајната работа за иднината на својата земја. А, тоа е Македонија да ги оствари своите стратегиски цели и да се спаси од сирмаштија, заостанатост, делби, крвопролевање и исчезнување. Гордана Силјановска-Давкова заедно со раководство на ВМРО-ДПМНЕ одредено од Никола Груевски, како негови чувари на претстолот, се стави на погрешната страна на историјата. Затоа ќе бидат поразени, за да се спаси Македонија. Друго чаре нема.
Прочитајте повеќе »

За кого ќе гласаат Албанците

Големите македонски патриоти почнаа да бакнуваат раце и нозе на тие што на митинзите им кажаа дека не им требаат нивните гласови. Албанските гласови на политичката берза вртоглаво растат во сооднос еден према три со македонските и еден према десет со гласовите на другите
Прочитајте повеќе »