Ориент експрес

Ало Трамп, ти ли си…

Стаса шишето со порака до граѓаните на Македонија пуштено во северните мориња пред 30 години. Во него е напишана тајната како да ги препознаат и изберат тие што ќе ги остварат најголемите идеали на сите генерации откако постои оваа кутра држава. Треба да се отвори шишето и да се прочита пораката
Прочитајте повеќе »

Понудата на Мицкоски повеќе не важи

Останавме без датум за преговори со ЕУ ако не се смилуваат ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски. И види богати, Мицкоски оваа великодушност, без никаков надомест, ја побарал да му помогне на Заев и се разбира на Македонија, ама бидејќи нема одговор, решил да ја повлече понудата. Ете така Северна Македонија ќе остане ем Северна, ем без датум за преговори. Што ни преостанува во ваква трагична и безизлезна ситуација. Ништо друго туку да го молиме Мицкоски како Господ, да се смилува и да ја спаси Македонија
Прочитајте повеќе »

Што призна Заев

Големите кадровски промени се јасно признание на премиерот Зоран Заев дека работите не одат напред со посакуваната брзина. Но, прашање е дали персоналните промени во редовите само на власта се вистинско решение
Прочитајте повеќе »

Среќна и разочарана Македонија

Не е проблемот во тоа што се одлага одредувањето на датумот во октомви за преговорите со ЕУ да почнат на крајот на оваа, или во почетокот на идната година, туку во тоа што кревката стабилност на државата во овие неколку месеци може да биде сериозно нарушена. Тоа е стравот и разочарувањето од ова „техничко“ поместување на преговорите со Северна Македонија
Прочитајте повеќе »

Познат е и денот кога ќе влеземе во ЕУ

Отварањето и затварањето на бриселските поглавија ги зафаќа сите неопходни реформи за просперитетна европска држава. Ако околу ова прашање има цврст општонароден консензус Република Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ пред 2030 година. Тоа е помалку време од ерата на груевизмот. Ако тоа го издржавме може и ова. Тоа навистина е многу време во еден човечки живот, но само еден миг во историјата. Нема повредна работа за идните поколенија, отколку да ја реализираме оваа шанса, да им надоместиме барем нешто од она што им го украдовме
Прочитајте повеќе »

Ин мемориам за татковците на големите лаги

Треба постојано да се потсетуваме, за никогаш да не се заборави, како во поновата историја најголемите македонски лаги еволуираа во вистини. Ова е неопходно за нашите натамошни тешки битки против краткото памтење, против примитивизмот и заостанатоста, против популизмот и измамите, против злоупотребите на власта и моќниците, против организираниот криминал и орупцијата, против грамзивоста и раскалашеното трошење на сиромаштијата на граѓаните
Прочитајте повеќе »

Груевистите токмат алиби за Европа

Постои само еден начин како да не почнат преговорите со ЕУ и да се одложат на неопределено време, а тоа е самите да направиме добро алиби Брисел да ја остави Македонија и натаму на споредниот балкански колосек. Груевистите кои уште владеат со ВМРО-ДПМНЕ веќе даваат добра причина да ги обезвредат сите достигнувања во изминатите две години на патот за Европа
Прочитајте повеќе »

Заев во опасна трка со времето

Сигурно од Брисел ќе го добиеме најдобриот Извештај досега за напредокот на Македонија, но тоа може да го закачиме на опашот од мачката, ако нема датум за преговори со ЕУ, ако нема инфузија од поштедрите предпристапни финансиски фондови кои се составен дел при остварување на реформите од бриселските поглавија каде е суштината на целиот ангжаман на држвата, на сите институции и безмалку на сите граѓани во наредните шест, осум, или десет години во зависност од брзината на успешното затварање на реформските поглавија, или како што обично се нарекува исполнувањето на домашните задачи
Прочитајте повеќе »

Ни Господ ни УНЕСКО не можат да го спасат Охрид

Со арамиите и грамзивите мафиози кои се во спрега со политичари кои го озаконуваат грабежот во организиран криминал не може да се справи ни УНЕСКО, ни Господ. На Охрид и Езерото му се потребни „принудна управа и просветна диктатура“ од странски независни експерти за да може да се спасат. Страхувам дека и тоа не е доволно оти имотот можеш да го заштитиш и оградиш од стока, но не можеш од луѓе
Прочитајте повеќе »

Ќе ја сочува ли Заев самодовербата!!!

Од каде доаѓа опасноста дека Зоран Заев може да ја загуби самодовербата и тоа во натпревар на домашен терен. Разрешувањето на претседателите на сите општински комитети на СДСМ, 77 е најавува дека во наредниот период социјалдемократите најмногу ќе се бават со себе. Вчудоневидувачка и разочарувачка е примамливоста на цврста рака во Македонија. Мнозинството Македонци сакаат Заев да биде како Груевски во пресмека со неистомислениците
Прочитајте повеќе »