Ориент експрес

Кога ќе паднеш во дупка, престани да копаш

Во еден таков зовриен и нездрав амбиент во право се тие што бараат присуство на странски правни авторитети кои ќе ги надгледуваат со една поактивна улога од обичен мониторинг натамошните судски постапки и разврски на сите премети без оглед дали се работи за тие од СЈО, или од редовното јавно обвинителство. Само праведната судска разврска и пресуда, без селекција, и одземање на незаконските стекнати богатства и пари ќе означат владеење на правото. Ако важи за највиските функционери и моќници ќе важи за сите граѓани.
Прочитајте повеќе »

Како да сме паднале од Марс

Се направи корејско прашање кој до каде е надлежен и на кон начин ќе се реформира јавното обвнителство, што ќе работи СЈО без Катица Јанева сè до денот „Д“ кога на големите криминалци им застаруваат делата. Потоа, се разбира, следи големата кавга кој е виновен што предметите застареле, што криминалците се и натаму на слобода и се уште побогати и помоќни ...
Прочитајте повеќе »

Македонија – егзит или брегзит

Правосудниот систем на Македонија сè уште ја има идеалната шанса да ја преземе судската власт во свои раце. Власта е исплашена од јавноста што е добро, а опозицијата е компромитирана оти бара селективна правда заштитувајќи ги своите криминалци, што е лошо. Ова е навистина добра прилика со малку поголема храброст и одлучност судството да се одлепи од политиката и да си ја работи својата работа. Партиските и компромитирани обвинители и судии многу добро се познати и во фелата и во јавноста. За нив е неопходна еснафска лустрација
Прочитајте повеќе »

Мацедонише цуштенде и во 21 век

Големите криминалци кои со години озаконето во ортаклак со политичари од врвот на властите станаа богати и моќни како кнезови ограбувајќи ги граѓаните нивниот имот, но и државниот, сега ги корумпираат со леснотија нивните гонители, јавните обвинители и судии. Пред филмски камери се компромитира и разградува целиот правосуден систем од основните судови до врховниот суд. Големите арамии ги фатија на дело џепарошите кои им бркнале во џебот како глувци во фак по парче кашкавал
Прочитајте повеќе »

Драга, не биди педер

Премиерот Зоран Заев не смее некогаш јавно да го каже тоа што милион луѓе можат да го помислат, и да го кажат, да го напишат и објават слободно по социјалните мрежи и во медиумите Кога еден премиер решил да спасува држава од два тројца криминалци, еден суетен новинар и еден педер и со извинение тоа да го каже пред микрофони, тогаш нема ни што да се спасува. Ако пак тоа е сериозна закана која се надвиснала над иднината на државата, тогаш нема ни иднина, ни држава. Во тој случај и без овие два-тројца државата ќе падне како гнила крушка
Прочитајте повеќе »

„Ла верита“ ја враќа демократијата во Македонија

Кутра Македонија по втор пат ја ослободуваат тие што ја заробија прв пат. Додека на првите им требаше цели 11 години да нè ослободат од режимот и ограбувчите на државата и граѓаните, овие вторите, што си го знаат занатот тоа го направија експресно. Со ефтина македонско -унгарско – италијанската копродукција и сценарио снимаат секојдневен филмски серијал, шприцер од боза и лимунада, за подвизите на Боки тредичи. Големиот подвиг е во суштина заложбата за враќање на режимот на Никола Груевски, со него или без него, сеедно, но и поддршка на авторитарните крајно десничарски режими не само во Македонија, туку и во цела Европа.
Прочитајте повеќе »

Не мешајте се со трици, ќе ве изедат свињите

Тие што владееја со Македонија 11 години без контрола и ги ограбија граѓаните и државата не можат ни еден ден да останат без власт. Тие пак што дојдоа на власт и ја ослободија заробената држава си го заробија сопствениот ум и не знаат што да прават со слободата. На човека му доаѓа да го повика Груевски да си дојде дома и да им покаже како се суди. Што да ви кажам се измешаа со триците, ако не прогласат свинска чума, ќе бидат изедени.
Прочитајте повеќе »

Заев дава царство за коњ

Дали Заев е навистина толку наивен колку што изгледа на јавната сцена кога ги прави сите отстапки на опозицијата, или има добра стратегија која до октомври идната година ќе му обезбеди многу поповолна позиција во односите на политичките сили пред предвремените парламентарни избори
Прочитајте повеќе »

Северџан е сакана душа

Пак зачестено ни доаѓаат специјалисти од белиот свет за да не ревакцинираат и да ни ја појаснат во разни варијанти мислата на Денг Ксијаопинг дека „не е важно дали мачката е бела или црна, туку е важно да лови глувци.“ Во наш превод и за наши прилики не е важно дали обвинителството е специјално, или редовно, важно е да лови криминалци од врвот на власта и моќта оти криминалот и корупцијата доведоа до блокирање на сите општествени и економски развојни процеси во земјата. Арно ама незнаењето и леснотијата да се владее со тие што го изгубиле здравиот разум, кои секогаш се во мнозинство, ја развлекоа суштината зошто беше формирано и зошто е потребно специјално и покрај редовното јавно обвинителство
Прочитајте повеќе »

Исчистете го плевелот и прекопајте го лозјето

Минатиот петок текстот го завршив со зборовите дека стаса шишето со порака до граѓаните на Македонија кое е пуштено во сверените мориња пред 30 години. Многумина од моите читатели ме прашаа што пишува во пораката. Па еве да обелоденам. Пишува: златото е во лозјето, прекопајте го и убаво исчистите го плевелот. На есен ќе го најдете богатството оставено од вашите претци
Прочитајте повеќе »