Ориент експрес

Суетни и недозреани политичари

Најновите ултиматуми и уцени што си ги испраќаат партнерите што ја делат власта ми наликуваат на лешинари кои се караат за остатоците од она што го изеле лавовите. Ако жртвата е Македонија, а лавовите се од ВМРО ДПМНЕ, тогаш орлите и хиените се суетните и недозреани политичари на власт кои абер немаат колку ум, демократски капацитет и меѓусебна толеранција се потребни да се управува со земја која 11 години била кркана и ждерена од корумпиран режим, а која им е доверена со изим на стотици илјади граѓани да дојдат до таму, одвај да курдисаат влада со тесно мнозинство
Прочитајте повеќе »

Не е сè исто

Злоупотребите од страна на преостанатите партиски труби, на оправданите критики, станаа лесно лепливи пароли: сите се исти, сè е исто, ништо не се менува, сите крадат и сите лажат, ова ли се промените што ги баравме, големо е разочарувањето... сè до една опасни димни бомби со солзавец, за да не се видат значајните промени што се случуваат и што допрва ќе се случуваат ако се суди по насоката по која тргна Македонија
Прочитајте повеќе »

Одиме напред или се вртиме во круг

Денес, кога го држите во раце овој број на „Независен весник“, изминува точно една година од вонредните парламентарни избори кои изнедрија промена на власта по 11 години автократски систем кој одбележа цела ера на корумпиран режим и страховлада со катастрофални последици и трагично заостанување во сите сфери на општествениот развој.…
Прочитајте повеќе »

Бејли прави беља

Сакам да го замолам Џес Бејли деновиве да одржи едно предавање на Медицинскиот факултет пред идните лекари и фармацевти на тема: трговијата со смрт во Македонија. Како се увезуваат кај нас фалсификувани лекови и кој ги труе граѓаните и децата со опасни медикаменти дојдени во земјата со паралелен увоз без контрола
Прочитајте повеќе »

Јовановски како Шишков

Никој пред законот не смее да остане недопирлив, па ни Јовановски. Откажувањето на претставата со извинување пред публиката во МНТ не е мотивирано од попречување на правдата, туку исклучиво е чин на солидарност поради одредување на мерката притвор на колега. Но мотивите надвор од театарот се токму спротивното. Да се спречи правдата
Прочитајте повеќе »

Злосторство и казна

Високи се тензиите во земјата по апсењето на повеќе пратеници и на Митко Чавков со неколку соработници, до неодамна на високи позиции во полицијата. Ако малку се прочепка подлабоко ке излезе дека работата не е баш така црно бела и дека има многу повеќе виновници и соучесници во злосторставата и дека многу поголем е списокот за казни
Прочитајте повеќе »

Најдобрата работа во светот

Во Македонија нема повеќе насмеани новинари, познати спадала и шегобијци, нема новинарски дружби и шали. Има бофл и бербатлаци колку сакаш, само стисни на мобилниот, или на далечинското и ќе видиш стотици гадости
Прочитајте повеќе »