Ориент експрес

Ситна и крупна корупција

Каде и да пипнете ќе се соочите со метастазиран канцер кој го задушува целото општество. Големите босови во матните бизниси корумпираат влади, премиери, министри, парламенти, полиција, судови, медиуми, антикорупциски комисии.... сѐ она што практично треба да ги заштити граѓаните од арамилак е подмитено и во служба на криминалците
Прочитајте повеќе »

Ќе заглавиме како Македонија….

Претседателот Александар Вучиќ по малку наликува на опеаниот српски епски јунак Марко кој доцна стигнал на Косово, а Никола Груевски, поранешниот македонски премиер, сè повеќе личи на губитник кој го внесе тројанскиот коњ на Данајците среде Скопје. Вучиќ сега во своите изјави вели „никад није касно“, картите се променија, а Груевски секој ден е на суд соочен со обвиненија за повеќе кривични дела
Прочитајте повеќе »

Владата во дупка од 500 милиони евра

Црната дупка во буџетот од 500 милиони евра годишно е поопасна за лизгање и паѓање на владата на Зоран Заев отколку промената на името на државата. Наместо реформи, најдобро е Владата да направи сеопфатна истрага како, кој и зошто го банкротирал најголемиот фонд во државата. Каде завршија 15 отсто од акциите на сите приватизации во Македонија кои му припаѓаа на пензинскиот државен фонд. Голема лага и гола пропаганда е дека владите и премиерите им даваат нешто на пензионерите што не им припаѓа. Пензионерите добиваат помалку од она што го издвоиле од својот џеб
Прочитајте повеќе »

Еднакво среќни, или несреќни

За можно добро решение меѓу Грција и Македонија, двете страни треба да ги отстранат пречките и да се најдат на половина пат, да изберат дали поради тоа ќе бидат еднакво несреќни, или еднакво среќни пред своите противници. Во оваа фаза од преговорите веќе би требало да преовладува сознанието дека ни на Грција, ни на Европа, ни на Балканот, а најмалку на Македонија, не им е во интерес лош договор кој многу бргу ќе се покаже како неодржлив. Најновите клучни зборови „одржливо“ и „стабилно“ кажуваат дека сѐ уште има многу работа и дека сѐ оди во правец на заемно прифатливо решение, а не на надмудрување
Прочитајте повеќе »

Ќе нѐ уништи незнаењето и примитивизмот

Треба да се каже јасно и гласно само напред кон Запад, кон Европа и гледајте во ретровизорот за да се одржува пристојно дистанцата од тие што влечат назад. Нема многу време за празни и јалови дебати. Треба храбро да се преземе одговорноста по цена на саможртва да се стаса што побрзо до целта. Не повеќе од десетина години по влезот на Македонија како членка на НАТО и во ЕУ оваа историска ера повеќе од 30 години ќе биде одбележана како изгубено време на штета на граѓаните на Македонија кое никогаш не може да целосно да се надомести
Прочитајте повеќе »

Шчо требит да праиме за одназад

Еве уште само две-три прашања од многуте што деновиве ги мачат и ги делат граѓаните на Македонија на кои треба јавноста да ги дознае одговорите од луѓето кои имаат решение членство во ЕУ, ОН и во НАТО со уставното име ама долги години молчеле. Дали вие веќе знаете како ќе завршат преговорите како што прикажувате во вашето отворено писмо или манипулирате? Дали ги знаете последиците ако ги прекинеме еднострано преговорите? Дали вие знаете што ќе одговори Генералното собрание на ОН ако Владата побара да се укине референцата и да се донесе резолуција со прифаќање на уставното име за сите употреби, или се играте со чувствата на граѓаните?
Прочитајте повеќе »

Писмо за прекин на преговорите со Грција

Близу 200 јавни личности и интелектуалци упатија писмо до политичките лидери и до Владата да ги прекине преговорите со Грција со посредство на Метју Нимиц и да упати барање до Генералното собрание на ОН да се стави крај на употребата на привремената референца и на Македонија да и се гарантира непречен прием во меѓународните организации под уставното име. Колку била лесна работата за која се изгубија децении. Просто човек да не може да се изначуди како ова до сега на никој не му текнало. Стегни барање до ОН и готово, се заврши работата со Македонија
Прочитајте повеќе »

Маките на Самарас и на Груевски

Големи се маките на поранешните премиери во соседните балкански држави, на Груевски и на Самарас, бидејќи и двајцата се чувствуваат наклеветени, онеправдани и невини жртви на политички терор поради иста работа. Не го даваат името Македонија.
Прочитајте повеќе »

И ние сме силувани од извршители…

Повод за ваквата колумна не е светскиот тренд „Ми ту“ за мобингот што е вршен врз холивудските ѕвезди и нивните страдања на патот до успехот, туку јавното обраќање на нашата сограѓанка Ѓуксен Мамут, во чие искуство на спречување обид за кражба, се препознаа илјадници граѓани како жртви на брутално посегнување по нивниот џеб. Г-ѓа Ѓуксен ги фати живи арамиите.
Прочитајте повеќе »

Македонија не е Кападокија

Просечно информиран човек може да се засрами и да се чуствува навистина како идиот од некои медиумски написи и изјави на политичари и граѓани во Скопје, во Солун и во Атина, како и од разни небулози искажани во дебати било да се работи за Македонија, за Грција, за Бугарија, за Србија, за Косово и за Албанија. Во добар дел тоа е трагичниот резултат на пропагандите од градинки до највисокото образование, до науката и искривената историја кои предизвикале пустош во свеста на најголемиот број граѓани на целиот Балкан каде со векови се таложела омраза и нетрпеливост
Прочитајте повеќе »