Ориент експрес

Дали Заев му рече „њет“ на Путин

Москва го чекаше одговорот од вистинската адреса на која беше упатена заканата преку Македонија. И, еве, одговорот стаса на еден поразбирлив јазик, а тоа е протерување на руски дипломат од Македонија. Тоа предизвика ново разгорување на делбите во Македонија, кој е за Русија, а кој за Америка, кој е за Сталин, а кој за Тито. Дали Заев му рече „њет“ на Путин, или само ја проследи пораката на НАТО и на Америка до Москва?
Прочитајте повеќе »

Иднината како мегдан за расправа

Историјата кажува дека најдобро е кога друг одлучува за нас. Многу сме раат кога друг е виновен ако не е добро завршена работата, имаме кого да псуеме и да му се лутиме. Ако, пак, биде на арно, знаеме лесно да си ги припишеме заслугите. Во овој случај таа улога на виновници најдобро е да ја преземат Обединетите нации. Тие ќе бидат виновни за географската додавка, а ние заслужни за членството во ЕУ и во НАТО
Прочитајте повеќе »

Признајте ја вината подобро ќе поминете

Специјалното јавно обвинителство на Македонија за гонење на организиран криминал и висока корупција во врвовите на власта мора да добие вечен мандат. Додека има власт и центри на моќ ќе има криминал и корупција и злоупотреби на функциите и овластувањата. Со СЈО ќе има многу помалку
Прочитајте повеќе »

За Демир Хисар преку Бардовци

Го гледаме во живо жалниот производ на високооктанските јавни експертизи длабоко врежани во тркалезните жешки глави од полудени ќосиња кои, како што најавија нивните водачи од христијанското братство, допрва во наредните месеци ќе ги покажат своите високи дострели. Има и една добра работа што ја направија вмровската тројка Иванов, Груевски и Мицкоски заедно со нивната интелектуална логистика. Тоа е радикализацијата на државата со будење на вампирите да се напијат свежа крв. Тоа е нивна заслуга и не треба таа да ја препуштаат на непознат сторител
Прочитајте повеќе »

Мајчиниот јазик се брани со дела

Ниту еден закон не може ни оддалеку да го одбрани јазикот како што тој се брани со творештво кое му станува достапно на целиот свет. Во тоа нѐ увериле и нѐ уверуваат секојдневно нашите големи творци чии дела говорат на многу јазици. Влатко Стефановски, еден од нашите големи уметници, тоа го потврдува по којзнае кој пат на најдобар начин и на неговите концерти со последниот албум озаглавен како „Мајчин јазик“. Не им верувајте на тие што го бранат јазикот со зборови. Тој се брани со дела
Прочитајте повеќе »

Груевски на местото на злосторството

Груевски во парламентот го покажа своето веќе добро познато лице играјќи ја изветвената улога на патриот од минатиот век кој, откако со својата „фамилија“ ја ограби и унакази Македонија, се обиде прилично неуверливо со смешна споредна улога да ја дозаврши работата од 27 април лани
Прочитајте повеќе »

Возрасни „копиљаци“

Да се седи во скутот на политиката и да се исполнуваат партиските задачи и директиви на владите, да се биде поткуплив пропагандист место новинар, мора конечно да стане најодвратната работа во новинарството, но и во очите на пошироката јавност. Тоа е предавство на професијата, соучесништво во уривање на најзначајните демократски придобивки кои се негуваат со слободното и непристрасно информирање на граѓаните. Сега е погодно време да се добие таа војна во Македонија
Прочитајте повеќе »

Последното гајле е најголемо

Македонскиот национализам, албанскиот инает, анемичната власт и неодлучниот премиер можат на зелена маса да ја урнат Владата поради закон за чешање на јазиците. А, со тоа да ги погребаат сите надежи за слобода, демократија и подобар живот, за европеизација и спасување од корумпирани политичари и криминалци, конечно и од распаѓање на Македонија
Прочитајте повеќе »

Советите на Георгиевски до Мицкоски

Поблиската и подалечна историја на соседните и на европските општества јасно кажува дека најзначајните национални и државни интереси, особено кога се носат тешки одлуки, најсилно се бранат со заеднички настап на власта и на опозицијата. Многу лош потег би било Христијан Мицкоски да го држи понастрана ВМРО-ДПМНЕ од историско значајното прашање за иднината на Македонија, како што е решавање на проблемот со името и членството во НАТО и во ЕУ. Ниту Христијан Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ ќе можат долго да се кријат во заветрина
Прочитајте повеќе »