Ориент експрес

Референдумот не е избори

Референдумот дефинитивно не е избори и партиски натпревар кој ќе ја освои власта кои досега ги имаше на десетици пати и ќе ги има и натаму, туку историско изјаснување на граѓаните за иднината на Македонија. Шанса што е добиена првпат откако постои државата, со голема неизвеснот дали уште еднаш ќе се повтори, затоа најголема е одговорноста на Владата и на Собранието да се искористат сите уставни и законски можности да се остварат највисоките стратегиски цели и приоритети на државата. Тоа се членството во ЕУ и во НАТО
Прочитајте повеќе »

Зошто ќе гласам за Европа

Како стануваат посилни и повидливи аргументите дека единствената алтернатива за опстанок и развој на Македонија се евроатлантските интеграции, така стануваат посилни и поопасни манипулациите и пропагандите на шовинистите и националистите кои ги палат меѓуетничките огнови во Македонија. Мојот совет е: прво мислете на себе и на своето семејство, на своите деца и внуци, на своите идни поколенија. Ако мислите за нив што е најдобро, тоа е најдобро и за државата. Историската шанса не смее да се испушти. Не верувајте им на тие што проповедаат дека имаат подобро решение. Лажат, како што лажеа сиве 27 години.
Прочитајте повеќе »

Џепароши во државната каса

Знаете ли како крадеа џепарошите во скопските автобуси. Ќе се качеа неколкумина од нив во преполн автобус и ќе почнеа да ја бараат жртвата. Откако махерите ќе одредат кој ќе оди курбан, ќе направат туркање во автобусот и готово - работа е завршена. Ако џепарошот случајно се открие на самото место, возачот вози право во полициска станица. Тогаш паричникот заедно со парите ќе го најдеа на подот. Џепарошите го фрлаат, демек ништо не украле и се прават на удрени. Така некако ми заличува бркнувањето на рацете во државната каса за земање грантови за иновации, па после откако се откриени џепчиите следува фрлање на портмонето на патос. Многу иновативно џепарошење. Треба да се патентира, за никогаш да не се повтори.
Прочитајте повеќе »

Референдум… дум… дум… со руски рулет

Да играме руски рулет нè повикуваат дење-ноќе познати патриоти под јорган планина и добронамерни правни експерти, праведници и демократи, литерати, уметници, академици, државници и разни други загрижени дејци. Слаткоречиво и мудро ја подучуваат нацијата да не учествува во предавство на татковината, туку да седи дома и слободно да си го впери пиштолот во слепоочница, оти имало само еден куршум во буренцето на колтот, па веројатноста дека нема ништо да му биде на народот ако го притисне чкрапалото е многу голема, дури еден спрема пет
Прочитајте повеќе »

Парламентарни декларации за зафрканции

И додека светската научна елита честита што договорот ги запазил универзалните декларации за самоопределување и самоименување и заштита на јазикот и сè што значи идентитетски определби, наши учени луѓе го проповедаат спротивното. Тие упорно негираат дека името Македонија останува непроменето како име на единствената држава во светот. Нашата.
Прочитајте повеќе »

Дали сте за турско кафе или за еспресо?

А, што мислите за прашањето кое не е референдумско, туку здраворазумско и кое сме си го поставиле можеби илјада пати, иако го знаеме одговорот безмалку сите. Прашањето гласи дали Македонија може да стане членка на ЕУ и на НАТО ако не го прифати договорот со Грција
Прочитајте повеќе »

Јавачите на апокалипсата над Македонија

Ги гледам деновиве четирите јавачи на апокалипсата одново над Македонија. Си велам стасаа наказите. Секогаш се тука кога треба нешто добро да ни се случи. Ги видов и над Југославија. Тамам требаше да се стане членка на НАТО и на ЕУ, преправените ѓаволи во патриотски ангели ја задушија во крв иднината на сите југословенски републики кои можеа по мирен пат да бидат првата конфедерација во ЕУ и предводник на интеграцијата на средна и на источна Европа. Истрошениот историски модел на Југославија се распадна во крв, исчезна и од географските и од сите други мапи
Прочитајте повеќе »

Со кого ќе се слика Мицкоски

Пораката за колективно сликање стаса од Каменос, кој беше присутен во Брисел во седиштето на НАТО при донесувањето на едногласната одлука да се испрати покана до Македонија за членство во НАТО. Притоа Каменос рекол: Можат да собираат покани и да се сликаат, но во НАТО нема шанси да влезат сè додека го користат терминот Македонија. Можеби министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос, кога кажал дека можат нашите политичари да се сликаат со поканата од Брисел за членство во НАТО, имал увид во некое сценарио во кое е влезена проценката за идните настани во Македонија ако самата се откаже од членството во НАТО и во ЕУ
Прочитајте повеќе »

Ајде да клекнеме на колена …

Засрамени, со гласна молитва на плоштадите ширум библиската земја како пред Господ, да побараме прошка од партијата, бидејќи без божји благослов на таткото на фамилијата се остваруваат најзначајните стратегиски цели на Македонија. Да признаеме колективно и јавно дека тоа што без нив се тргна во оваа офанзива да се освојат ЕУ и НАТО е голема грешка, бидејќи се виде дека ВМРО-ДПМНЕ, заедно со врховниот командант на вооружените сили, претседателот на Македонија, можат да го спречат тоа злосторничко здружување со НАТО и со ЕУ. Да, ова би требало да биде пародија да се насмееме, бидејќи сериозните работи ако се прикажат на овој начин се многу забавни и можат да ја разголат до гола кожа бесмисленоста на постапките на луѓето кои одлучуваат за судбините на два милиони граѓани.
Прочитајте повеќе »