Ориент експрес

За историски пораз нема оправдување

Попречувањето на иднината на Македонија и нејзината европеизација не може да се отстрани со сервилни понуди за помирување со рецидивите на еден режим, туку само со јазикот кој најдобро го разбираат криминалците со бели крагни, а тоа е ригорозно владеење на правото и одбрана на државните и национални интереси и интересите на сите граѓани. Последните шок-бомби на премиерот Заев експлодираат во неговиот двор. Дали тој и неговите приврзаници ќе цимолат од солзавецот што самите го фрлија или ќе преземат решителни чекори за остварување на историските цели на граѓаните на Македонија, најмногу зависи од него и неговиот тим. Историскиот предзнак е на нивна страна. Сиот цивилизиран свет дава поддршка, законите и уставот се на нивна страна.
Прочитајте повеќе »

Колку чини спасувањето на Груевски

Дали и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифатат директивата на партискиот врв и на нивните ментори кои седат секој ден на обвинителна клупа ќе се дознае наредните денови, но имајќи ги предвид вмровските директиви тешко е да се верува во успех. Дали храброста, историската одговорност и совеста на тие што ги знаат многу добро работите ќе биде посилна или, пак, партиската послушност и стравот од долгата, ама веќе осакатена рака на ВМРО-ДПМНЕ ќе се види во Собранието на очиглед на целата јавност
Прочитајте повеќе »

Жив или мртов договор

Не се потребни студиозни анализи и сценарија ниту, пак, дополнителни предупредувања од врвот на ЕУ и на НАТО што следува ако се поништи договорот со Грција. Во тој случај, фактите со голема сигурност навестуваат дестабилизација на земјата со добри изгледи за распад. Испадна дека најлесна работа ќе биде да се поништи договорот, кој е веќе двапати ратификуван во Собранието на Македонија и на тој начин да се спаси уставното име, а сè друго да се доведе под голем знак прашање. Ќе имаме уставно име, без додавката северна, а дали ќе имаме држава и ако имаме каква ќе биде нема одговор од противниците на договорот, не од тие кои гласа против на референдумот, туку од тие кои на 30 септември апстинираа, чиј молк го присвои старо-новото раководство на ВМРО ДПМНЕ
Прочитајте повеќе »

Што ти кажав јас

Консултациите со граѓаните покажаа дека во Македонија јасна е целта што ја сакаат над 90 отсто од граѓаните, ама не е познат патот како се стасува до таму. Некој упорно поставува лажни патокази, па едни влечат напред, други назад. Сите имаат силни аргументи дека така е најдобро оти всушност не разликуваат што е напред, а што е назад. Чаре, има ли чаре? Се разбира дека има. Тие што рекоа дека ќе се жртвуваат за европската иднина на државата треба да го направат тоа. Имаат историска оправданост за такви чекори.
Прочитајте повеќе »

Одмаздата на мртвите великани

Потсетувањето на Јаневски и Серафимовски не е во нивна одбрана, не е ни осуда на злосторството што им е нанесено од бездарници, примитивци, извршители на политички калкуланти... Нивните дела ги бранат нив подобро од сите нас. Почитта на нивната уметност е враќање на гордоста која нè заштитува нас од тиранија, од изолација и од исчезнување. Тоа е најдобрата превентива од бескрупулозните политичари во нивните битки за власт.
Прочитајте повеќе »

Бадијала е и Нобелова награда за Ципрас и Заев

Има многу причини зошто ни Нобеловата награда за мир на „селанчето од Струмица“ не можат да му ја простат не само македонските лажни патриоти, туку и некои „поддржувачи“ од негова близина. Во Македонија уште не може да се прости успехот, па макар ќарот бил заеднички на сите. Она што вистински е непростливо е пазарење со криминалците од високите редови на претходната власт
Прочитајте повеќе »

Предвремени избори пред портата

Во секој случај ако наредните денови не се постигне меѓупартиски договор за уставни промени во најбрз можен рок треба да се одржат вонредни парламентарни избори. Во спротивно, секое одолговлекување ја носи државата во опасно води да се врати не на кандидатскиот статус за членство во НАТО и во ЕУ, туку многу поназад на стартот од пред 27 години.
Прочитајте повеќе »

Сами одлучуваме кога ќе станеме членка на ЕУ

Добро е да се потсетиме на пораката на германскиот канцелар Герхард Шредер искажана уште пред 15 години додека траат најтешките преговори со ЕУ: Македонија треба да изгради добра слика за себе во европските држави. Она што им е во перцепцијата на европјани за Македонија не е добро. Има тука и предрасуди и темни страници од историјата, она што се вика мацедонише цуштенде, замрсени работи кои никако не можат да се одмрсат. Не успеавме сите овие години да и предочиме на Европа една, различна и подобра Македонија. И тоа е една од клучните задачи не само на тимовите кои ќе преговараат, дури би рекол најмалку нивна задача. Новата слика за Македонија во Европа мора да стаса со чиста и јасна резолуција дека таа припаѓа таму и политички и економски и географски и културно и никаде на друго место. На север од Грција и на два часа лет од Берлин и од Париз
Прочитајте повеќе »

Ајде да го изметиме дворот

Ајде да го исчистиме ова парче земја, да го изметиме убаво сопствениот двор од бербатлакот што го направија тие што сè испоганија, што сеат омраза и лаги. На 1 октомври Македонците ќе се разбудат како Македонци, ќе зборуваат и пишуваат на македонски јазик, ќе ја имаат истата вера и истиот идентитет. Ќе бидат еден голем чекор поблиску до цивилизираниот свет. Сите нè чека една деценија тешка и мачна работа, многу сопки и подметнувања.
Прочитајте повеќе »

Иванов во кампања против Македонија

Претседателот Иванов, преку соопштение до јавноста, на една недела пред историското изјаснување на граѓаните, всушност, прави обид за дестабилизација на државата со нови меѓусебни делби и омрази бидејќи со своите пораки ги загрозува евроатлантските интеграции на Македонија
Прочитајте повеќе »