Posts written by Erizaov

This author has written 685 articles
Ориент експрес

In memoriam: Споменик што ќе оди и ќе зборува и по смртта

Почина академик Ѓорѓи Филиповски, човекот што го одбележа 20 век во Македонија и првите две декади од 21 век како единствен жив сведок на зачајни историски настани. Ѓорѓи Филиповски во мај годинава наполни 100 години, а ја тершаше со чудесна леснотија и сто и првата како жив споменик што оди и зборува и тоа јасно и стамено. Акдемик Филиповски тоа ќе продолжи да го прави со своите дела и по неговата смрт.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Циркусот може да заврши трагично

Владата во комплетен меѓуетнички состав побарала мислење од Венецијанската комисија за законот за јазиците, ама ни премиерот, ни владата не вредат ни пет пари спрема вториот дел од владата во штабот во Мала Речица
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Изборот не е Заев или Мицкоски

Се работи за избор помеѓу два различни концепта. Еден кој води кон европеизација на Македонија и друг кој лажно се претставува дека има иста цел. Не треба да се размислува ни минута, оти се гледа ашиќаре, со голо око
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Поткрепиме Госп Борисов, поткрепиме сичко

Што му е дозволено на Јупитер, тоа не му е дозволено на волот. Вол ко вол, нема зошто да размислува кога ќе му се јави нашиот Господ. Што им кажа Мицкоски на Борисов, Мицотакис и Ахмети. Драма во три чина. Во главна улога Христијан Мицкоски, Бојко Борисов и Али Ахмети. Споредна улога Ерол Ризаов
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Повторно на патот кон исчезнување

Во ископан гроб спуштаат жив мртовец. Сакаат да ја разапнат Татковината на крстопат и да ја погребат за потоа да докажат дека можат да ја воскреснат. Тоа е таа божја обнова напишана како индулгенција на мафиозите до светците да им се простат сите гревови и злодела направени врз овој кутар народ и земја. Се разбира, Зоран Заев не ќе може да обезбеди 80 пратенички места на изборите на 12 април 2020 година само затоа што не успеа за две ипол години да расчисти со поразениот, дискредитираниот и корумпиран режим на Никола Груевски
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Обновата почна со знамињата од Вергина

Вечерта, на 23 октомври, на 126 годишнината од основањето на ВМРО, ја видовме првата обнова на Македонија од проектот на Христијан Мицкоски кога тргнаа вмровските конвои по скопските улици со по две тазе сошиени знамиња со шеснаесеткракото сонце. Обновата на знамињата, беше првиот многу успешен и голем чекор да се разубеди Европа дека не погрешила кога не донесе одлука за отпочнување на преговорите на Македонија. Тие во Европа не можат никогаш да ни наштетат толку, колку што можеме ние самите да упропастиме
Прочитајте повеќе »